„Модерни системи за градежна техника – РЕХАУ површински системи за греење и ладење“

31.05.2018


Во комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија РЕХАУ одржа предавање за архитекти од областа на површинските системи за греење и ладење. Семинарот го отвори и ги поздрави присутните проф. Сашо Блажевски од одделението на архитекти во Комората, а потоа и г-дин Јован Пљаков, раководител на одделот „Објектна техника“ во РЕХАУ.

Предавањето кое имаше едукативен карактер, со професионален пристап кон начинот и системите со кои се грееме и ладиме во домовите во ова модерно време. Учесниците добија издржани факти за предностите од површинските системи за греење и ладење во домовите и деловните простории. Семинарот го посетија околу 70тина архитекти, каде на крајот развија дискусија во самата тематика. Семинарот на крај беше заокружен со едно социјално дружење и коктел за сите присутни.

Печати