Култура на фирмата

За нас, како иновативно фамилијарно претпријатие, професионалноста е основен предуслов за како премиум марка да ја имаме водечката позиција во светот. Тој успех е резултат на ефикасни и флексибилни работници, на кои долгорочно им нудиме сигурни работни места. Ниската стапка на флуктуација е одраз на интелигентниот кадровски концепт, кој се заснова на три столба: ефикасност, независност и директна комуникација.

Успех

Подготвеноста на секој поединечен соработник да го даде својот максимум, за нас е од централно значење, заради тоа што успехот на РЕХАУ е резултат на ангажираните работници. Нашите вработени ја исто така ја носата одговорноста за тоа РЕХАУ групацијата да се развива, и тоа така што го даваат најдоброто од себа во својата работа. Нашата компанија знае фер да го награди ваквиот ангажман, а сето тоа се одредува според условите на пaзарот работниот успех.

Независност

РЕХАУ која како компанија не е ориентирана кон берзата, е независна од осцилациите на пазарот на хартиите од вредност и поради тоа нејзините муштерии и вработени долгорочно можат да сметаат на неа. Така треба да биде и во иднина. РЕХАУ се одликува со точно насочени среднорочни и долгорочни цели. Во прв план не доаѓа краткорочната добивка, туку постојан раст и развој. Своите вработени ги сметаме за претприемачи во нашата компанија и ја поттикнуваме самоиницијативата и одговорното работење.

Директна комуникација

Вработениот во РЕХАУ е во самиот центар. Со него ја планираме долгорочната соработка, која се заснова на меѓусебна доверба. Во согласност со тоа, од големо значење е директната комуникација помеѓу вработените и претпоставените. Според принципот „отворена врата“ сите вработени во РЕХАУ, имаат можност да го изнесат својот предмет на сите раководни нивоа во фирмата.

Печати