Работна околина

За РЕХАУ е сосема разбирловo, да им обезбеди атрактивна работна околина на своите вработени и тоа со најголема можна транспарентност, можности за дијалог, флексибилност и ефикаснот. На различни локации низ светот веќе имаме најразлични индивидуални концепти на канцеларии, исто толлу индивидуални како и луѓето кои работат во нив.

Управна зграда на РЕХАУ - Рениумхаус

РЕХАУ локации

РЕХАУ, по своето основање во истоимениот град, се има етаблирано најпрво во Германија и околните земји. Потоа следеше проширување низ Европа, како и експанизија во Северна Америка, Азија и Австралија. Повеќе од 10 години фирмата веќе е застапена и во источна европа.

На повеќе од 170 локации ширум светот, РЕХАУ секогаш се труди да биде во близина на своите муштерии и пазарот. Затоа многу од нашите управни згради и фабрики во Кина, Русија, Северна Америка или Германија не се наоѓаат во густо населените места, туку пред портите на индустриските центри. Тоа не дава само предности во однос на стратепки поповолни логистички трошоци, туку дава и позитивна работна атмосфера.


РЕХАУ локации

rehauwork

Концепти за канцеларии

Се повеќе растат барањата за ефикасно и флексибилно работење и делување.Затоа на нашите локации ширум светот нудиме најразлични концепти за канцеларии, кои се исто толку индивидуални, како и луѓето кои работат таму.

Работните простории секогаш се конципирани во согласност со потребите на вработетните и тоа како посебни, групни или големи канцеларии. Ние постигнуваме работна атмосфера и во намодерните новоградби но и во историски индустриски градби, кои се подеднакво економични, функционални и флексибилни за користење.

Печати