Држете го Вашиот водовод под контрола.
Заштитете го својот дом со паметен контролер на вода што значително помага во намалување на оштетувањата од водата.
РЕ.ГАРД – Контролер на вода со оптимална технологија за безбедност
Со РЕ.ГАРД ќе имате една грижа помалку.
РЕ.ГАРД го штити Вашиот дом, намалувајќи ги последиците од оштетувања од вода, благодарение на исклучително модерна техника. Имено, системот со врвна функција и квалитет ќе интервенира пред да се случи нешто, при истекување на вода од водоводот.
Предности со интелигентниот контролер на вода
Се инсталира брзо и едноставно
Контролерот се монтира едноставно од страна на професионални инсталатери и брзо се подесува благодарение на интуитивно упатство. По потреба, сензорите за вода може да се надградуваат.
Сè е под контрола
Со РЕ.ГАРД апликацијата4, водоводот може да се контролира од било кое место преку паметен телефон. Во случај на аномалии, ќе стигне порака на телефонот дека нешто не е во ред.
Уникатна безбедност
Уредот овозможува максимална заштита, благодарение на техниката со ултразвучно мерење Z-Wave како и резервните батери за итни случаи.
За сите
Уредот е наменет за домови со едно или две семејства1, без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба. Благодарение на компактниот облик, можна е монтажа и во мал простор.
Интелигентно намалување на штета предизвикана од истекување на вода од водоводот
Оштетувања од водата која истекла од водовод настануваат почесто отколку штети од пожар или невреме. Пукнати цевки, спојки кои пропуштаат, дефектни приклучоци на машината за перење – причините се разновидни, а последиците најчесто се многу сериозни. Се уништуваат драги предмети или важни документи, а поради влагата брзо се формира мувла које е опасна по здравјето. Потоа е неопходно санирање кои чини многу. Покрај договарањето со водоинсталатерот, исто така и договарањето со осигурителната компанија ќе ве чини време и нерви.
На секои 30 секунди, во Германија се случува оштетување од водата.2
1
РЕ.ГАРД контролер на вода
Помага во детектирањето пукнати цевки и истекувања на капки и го исклучува водоводот во случај на оштетување. Дополнително, ја мери потрошувачката на вода и дозволува рачно исклучување и вклучување на водоводот. Монтажата се одвива директно по водомерот, уште пред филтерот за вода во домот.
2
РЕ.ГАРД сигнализатор за вода
Преку радио-стандардот Z-Wave, се поврзува со контролерот на вода и детектира вода што истекува во критични подрачја. Сигнализаторите за вода може да се постават во целата куќа и да се опремат со продолжен кабел за тешко пристапните места.
3
РЕ.ХУБ порта4
Ги поврзува РЕ.ГАРД уредите со интернет и лесно се приклучува на рутерот.
4
РЕ.ГАРД апликација4
Информира во секое време и насекаде на паметниот телефон и помага во препознавањето на одржливите потенцијали за штедење во потрошувачката на вода.
Како функционира паметниот контролер на вода?
РЕ.ГАРД помага во детектирањето пукнати цевки, како и истекувања на капки во водоводот и ги надгледува просториите со помош на сигнализаторите за вода.
Во случај на аномалии, РЕ.ГАРД го блокира водоводот и известува преку апликацијата4.
Скапите оштетувања, мувлата и нематеријалните загуби се намалуваат, а ќе се спречи и гневот што одзема време при објаснување со осигурувањето.
Целосна контрола преку РЕ.ГАРД апликацијата
Сè на едно место
Во ажурираниот преглед на статусот, во секое време гледате4 дали е сè во ред со Вашиот водовод. На овој начин, секогаш сте информирани и можете да уживате во чувството на безбедност.
Секогаш информирани
Доколку контролерот на вода открие истекување, ќе бидете известени преку насочено известување4 – зависно од избраниот режим може да одлучите, дали да се блокира или не. Во случај на детектирано пукање на цевка, РЕ.ГАРД самостојно се исклучува.
Заштеда на вода
Апликацијата4 детално ја прикажува дневната потрошувачка. На пример, може да видите во кој час трошите колку вода и со тоа може да откриете за што трошите особено многу и, доколку е потребно, да намалите.
RE.GUARD апликацијата е достапна бесплатно за iOS и Android
Сертифициран радио-стандард Z-Wave
Z-Wave е сертифициран радио-стандард, оптимизиран за системите на паметниот дом. Z-Wave-уредите комуницираат само едни со други и со РЕ.ХУБ портата. Со тоа, уредите се заштитени од директни надворешни напади, а работата на РЕ.ГАРД е можна и без интернет-пристап или поврзување со облак (cloud).
Покрај тоа, радио-сигналите се помалку подложни на пречки отколку WLAN-врската, а со досегот до 30 метри, подобро се пробиваат преку масивните подрумски тавани и ѕидови. Поради краткото времетраење на преносот и малата моќност на пренос на уредите, исто така и потрошувачката на енергија и изложувањето на зрачење се значително помали отколку кај WLAN.
Сигнализатори за вода – повеќе безбедност на критичните места
РЕ.ГАРД сигнализаторите за вода можете да ги поставите и подоцна во домот , по инсталирањето на Вашиот интелигентен контролер на вода. Со помош на испорачаниот продолжен кабел, тие детектираат вода што истекува и на тешко пристапните места.
Комплетно безбедно – и кога не сте дома
Помалку грижи, повеќе слобода
РЕ.ГАРД работи комплетно самостојно и препознава пукнати цевки и истекувања на капки во водоводот.
Сигурна заштита во секое време
Автоматското исклучување интервенира дури и без функционална интернет-врска и автоматски го заклучува водот во случај на пукање на цевката. Благодарение на батериите за итни случаи, РЕ.ГАРД функционира дури и во случај на прекин на електричната енергија. Сигнализаторите за вода, поставени во слободен простор, се грижат за дополнителна заштита.
Секогаш вистинскиот режим
Во апликацијата4 можете да дефинирате различни режими на Вашето присуство или отсуство, така можете да го наведете соодветното сценарио за секоја ситуација.
Заштеда при осигурување
Оштетувањата од водата кај градежните осигурителни компании ги предизвикуваат најголем број од трошоците3. Интелигентниот контролер на вода се грижи за минимизирање на штетите пред да се случи нешто полошо.
Се инсталира брзо и едноставно
Без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба: РЕ.ГАРД има компактен дизајн и инсталатерот може да го вгради брзо и лесно. Исто така и поставувањето се одвива во неколку чекори, благодарение на интуитивното упатство за инсталација.
РЕ.ГАРД – Контролер на вода. Едноставен. Попаметен.
Целосен преглед за новиот РЕ.ГАРД Контролер на вода е подготвен за преземање во нашата брошура.
Најважните прашања за паметниот контролер на вода
Во нашиот сеопфатен збир на често поставувани ќе ги дознаете најважните детали за РЕ.ГАРД и многу други информации во врска со темата за паметен контролер на вода.
Ние сме тука за Вас!
Стапете во контакт сега и консултирајте се во детали за интелигентниот контролер на вода RE.GUARD. Доколку како дополнение го наведете Вашиот поштенски број, истовремено ќе може да Ви препорачаме инсталатер за монтажа на RE.GUARD во Ваша близина.
Пополнете ги полињата означени со „*“ и потоа кликнете на „Побарајте без обврски“.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)
1 RE.GUARD е конципиран за домови за едно или две семејства и не е погоден за големи станбени комплекси со повеќе од две станбени единици.
2 https://www.gdv.de/de/zahlen-und-fakten/versicherungsbereiche/wohngebaeude-24080
3 https://www.schadenprisma.de/wp-content/uploads/pdf/1/sp_1_2018_art1.pdf
4 Се претпоставува дека паметниот телефон е поврзан со интернет.