ЧПП за контролерот на вода со РЕ.ГАРД

Најважните одговори и прашања во врска со темите РЕ.ГАРД, паметниот контролер и сигнализаторите за вода.

BAU-D1520 - 73775


Кои делови од системот РЕ.ГАРД ми се потребни за оптимална заштита?

Покрај РЕ.ГАРД контролерот на вода Ви треба РЕ.ХУБ, со цел да се постават граничните вредности што се специфични за домаќинството, како и управувањето преку апликација. РЕ.ГАРД сигнализаторот за вода е опционален и ги обезбедува особено сензитивните подрачја.

Дали може одделно да го користам РЕ.ГАРД сигнализаторот за вода?

Не. За да се гарантира ефикасна заштита, за примена на РЕ.ГАРД сигнализаторот за вода дополнително Ви е потребен РЕ.ГАРД контролерот на вода што во сериозен случај се грижи за блокирање на дотокот на водата.

Дали сум заштитен и во случај на прекин на електричната енергија?

РЕ.ГАРД контролерот на вода може да се опреми со батерии за итни случаи, коишто во случај на прекин на електрична енергија може да ја одржуваат работата најмногу до 24 часа.

Дали може и рачно да го отворам РЕ.ГАРД контролерот на вода?

Во малку веројатен случај, да не е можно отворање преку апликацијата или на самиот уред, можете да го отстраните куќиштето на РЕ.ГАРД контролерот на водата и рачно да ја отворите блокадата. Описот ќе го најдете на уредот.

Дали може сам да го монтирам РЕ.ГАРД контролерот на вода?

Монтажата на РЕ.ГАРД контролерот на вода стручно мора да ја изведе специјализиран партнер на РЕХАУ. Граничните вредности се наведени во упатството и нив може да ги нагоди сервисерот, но и самиот клиент. Препорачуваме почетните вредности да ги постави сервисерот.

Дали може сам да го пуштам во работа РЕ.ГАРД сигнализаторот за вода?

Да, пуштањето во работа се одвива интуитивно, само со неколку чекори. На тој начин може последователно да додадеме и понатамошни сигнализатори за вода.

Дали РЕ.ГАРД контролерот на вода може да се монтира со секој систем на цевки?

Да, РЕ.ГАРД контролерот на вода благодарение на завртката со навој може да се поврзе на сите системи на цевки. На тој начин, РЕ.ГАРД контролерот на вода подеднакво е погоден за новоградба, реновирање и надградба.

Дали РЕ.ГАРД контролерот на вода општо е погоден за монтирање во инсталацијата за вода за пиење, односно дали е проверен?

Сертификатот DVGW, односно DIN-DVGW (DVGW = Германско здружение за гас и вода) појаснува дека производот е погоден за примена во подрачјето на вода за пиење и монтажа на цевководот. Уредот е сертифициран според DIN 3553 DVGW. Сертификатот е достапен на барање.

Дали РЕ.ГАРД сигнализаторот за вода може да се монтира пред филтерот за вода во домот?

Да. Методот за мерење на ултразвук на РЕ.ГАРД не е под негативно влијание од честички од нечистотија, како на пример песок. Така, филтерот за вода во домот е исто така обезбеден како можна причина за штета.

Дали е можна монтажа во водот за топла вода?

Не, монтажата е можна само во водот за ладна вода, односно доводот за ладна вода кон доводот за топла вода.

Живеам во станбена зграда. Дали РЕ.ГАРД може да се монтира и кај мене?

Монтажата во овој момент е можна само во посебен стан од станбената зграда со децентрализирано снабдување со топла вода. РЕ.ГАРД контролерот на вода не може да се монтира во главниот вод од водата за пиење од станбената зграда, како на пример во подрумот по главниот водомер.

За кои оперативни системи е достапна РЕ.ГАРД апликацијата?

РЕ.ГАРД апликацијата е достапна од верзиите Android 7.0 и iOS 11.

Дали РЕ.ГАРД е заштитена од сајбер-напади?

Безбедноста на целиот систем редовно ја проверуваат независни институти. По потреба, ажурирање на фирмверот се обезбедува преку апликацијата. Доколку и покрај сите безбедносни мерки некому му успее да пристапи до Вашиот систем, РЕ.ГАРД во секое време може да се исклучи од електричната мрежа и да се отвори рачно. Оттаму, Z-Wave уредите се особено безбедни во однос на сајбер-нападите, бидејќи тие комуницираат само едни со други или со портата и, според тоа, не се директно достапни од интернет.

Дали ми е потребна апликацијата за да може да го контролирам РЕ.ГАРД?

Управувањето со РЕ.ГАРД контролерот на водата е можно и без апликација на самиот уред. Овој контролер содржи само основни функции, поставките дефинирани од корисникот се вршат само преку РЕ.ГАРД апликацијата. Заштитната функција исто така е дадена без користење на апликацијата.

Дали може да ја користам РЕ.ГАРД апликацијата и без облак?

Да, РЕ.ГАРД апликацијата може да се користи и без поврзување со облакот исклучително во своја сопствена локална WLAN-мрежа. Одредени функции, како на пример пораки за аномалии, контрола или следење на потрошувачката на вода, сепак не се можни ако се наоѓате надвор од оваа мрежа.

Што ќе се случи со моите лични податоци?

Сите податоци, како на пр. Вашите податоци за пријавување, вредностите на потрошувачката и поставките за граничните вредности, се складираат на сервери во ЕУ. Овие информации се користат исклучително за обезбедување на функционалноста на уредите. Понатамошни информации ќе најдете во Политиката за приватност на апликацијата.


410-D057_CL - 86089


Достапно веднаш


Ние сме тука за Вас!

Стапете во контакт сега и консултирајте се во детали за интелигентниот контролер на вода RE.GUARD. Доколку како дополнение го наведете Вашиот поштенски број, истовремено ќе може да Ви препорачаме инсталатер за монтажа на RE.GUARD во Ваша близина.

Пополнете ги полињата означени со „*“ и потоа кликнете на „Побарајте без обврски“.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)


1 Се претпоставува дека паметниот телефон е поврзан со интернет.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection