Сигнализатори за вода – секогаш онаму каде што се потребни

РЕ.ГАРД сигнализаторите за вода откриваат вода на особено критични места и помагаат во дополнителната заштита на домот од оштетувања од водата.

410-D024_CL - 83012


Уживајте во повеќе безбедност со РЕ.ГАРД сигнализаторите за вода

Одводи што пропуштаат или спојки кои капат во ѕидот: Оштетувањата од водата честопати се откриваат дури кога веќе се засегнати ѕидот, подната облога или инвентарот. Сигнализаторите за вода кои, по избор, се достапни со РЕ.ГАРД контролерот на вода се грижат да не дојде до големо оштетување. Тие ја регистрираат истечената вода а може да бидат поставени насекаде во домот.

Поставувањето на сигнализаторите за вода е можно благодарение на продолжниот кабел кој  го има во пакетот на испораката, така што може превентивно да се реагира на сите критични места, независно од локалните околности.



На кои места е препорачливо да се постават сигнализатори за вода:

410-D055_CL - 86085

Машини за перење

Дефектните црева или заптивки кај машините за перење и машините за миење садови може да бидат проблем. Вградените аквастоп функции може да не реагираат – и да настане голема штета.

410-D041_CL - 83037

Бања

Од кадата што се прелева па сè до пукнат сифон под мијалникот: Во бањата брзо може нешто да тргне наопаку.

410-D054_CL - 86084

Дневни соби и кујни

Одводи што пропуштаат или спојки што капат во ѕидот: Оштетувањата честопати се откриваат дури кога веќе се засегнати ѕидот, подната облока или инвентарот.

410-D036_CL - 83029

Продолжна сонда

Продолжен кабел со сензор за особено тешко пристапни места. Продолжната сонда кај сигнализаторот за вода е опфатена во обемот на испорака.

 

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection