Нашите понуди за развој

Управување со таленти

Во основа, во секој наш вработен ние гледаме талент. Во рамките на нашето управување со таленти, сакаме да ги направиме видливи талентите на вработените и да ги усовршуваме. Се залагаме иновативно размислување и дејствување, за лична одговорност, како и за тоа дека човек сака постојано да се менува. Во околина што брзо се менува, се обидуваме флексибилно и селективно да ги координираме желбите на вработените со нашите очекувања, со цел да овозможиме заеднички развој и напредок.

Заради понатамошен развој на нашите вработени врз основа на нашите вредности и иницијативи, покрај широкиот каталог на обуки, ние имаме и специјални програми.

Нашата програма за квалификации вклучува можност за идентификување и унапредување на потенцијалот. Притоа, за нас е важно најпрво да ја разгледаме можноста, за покривање на потребата за квалификуван персонал од сопствените редови. Ние ги подготвуваме нашите вработени, за претстојните задачи, со помош на редовни семинари и развојни програми.

Понуда на семинари

РЕХАУ има понуда на професионални семинари, кои се ориентирани кон потребите на вработените и го поддржуваат личното усовршување. Семинарите се  насочени кон актуелни теми, кои се ориентирани кон иднината. Нив ги водат експерти со стручна компетентност и  методологија, раководна компетентност, јазична компетентност и социјална компетеност.

Е-учење

Е-учењето, учење со дигитални материјали, кај РЕХАУ постои како независен начин на учење или како „комбинирано учење“ (на пр. дидактичко поврзување на различни методи на учење).

На пример, со е-учењето стекнувате актуелни сознанија за компанијата, согласно потребите. Вработените на своја одговорност одлучуваат,  кога ќе се најавите во порталот за учење  и ќе учат онлајн. Нашите вработени, ширум светот имаат можност да учат на дванаесет различни јазици на нашиот портал на теми како што се усогласеност, корпоративна безбедност, управување со квалитет итн.

Во проектот „Учење за иднината“, постојано развиваме нови и иновативни методи (вклучувајќи интерактивни светови за учење, видеа со објаснувања од наши експерти, итн.) и истите ги нудиме на колегите ширум светот, по кратки пилот-фази.

Коучинг

Како индивидуална форма за развој на вработените, имаме тн. ‘’коучинг’’. Ова подразбира  консултации на „ниво на очите“. Со други зборови, кај коучингот станува збор за форма на давање на совети,  каде што тренерот ги подржува вработените со насочени прашања, со цел самите и на своја одговорност да најдат прилагодени решенија за конкретната ситуација и да поставаат прашања. Тоа значи дека, тренерот не дава директни решенија, туку ги подржува вработените во идентификување на причините за проблемите и развивање на сопствени решенија.

Раководините лица може да користат коучинг како поддршка, на пр. за идно преземање на (нова) раководна функција. Понудата секако им е отворена и на вработените во кариерата за специјализации и проекти, на пр. за придружба во процесите на промени.

АКАДЕМИЈА за лидерство

Дигиталниот свет на работните места поставува потполно нови и разновидни услови за ракуводство со вработените. Поради тоа, големо внимание се посветува на советување на нашите раководители во однос на рефлексијата и развој на управувањето. Овој процес, кој се заснова на размена, создава свесна градба на перспективите за сопствените способности. Покрај алатките за повратни информации, како на пример повратни информации во 360°, ние имаме и голем број на различни семинари, работилници и е-учења кои ја покриваат компетентноста за раководење и управување,  како и претприемачка и социјална компетентност.

Engineering progress

Enhancing lives