340-D347 - 53493

Приклучоци и спојки за цевки

100 % дихтување на вистинските места

Решенија за приклучоци: Спречување на штетите пред нивното настанување

Страничните приклучоци, се чувствителни точки во канализациските мрежи. Секоја петта штета се однесува на овие спојки. На тој начин тие имаат најголем удел во оштетувањата на канализацијата, како што покажува резултатот од анкетата на DWA од 2015 година, „Состојба на канализацијата во Германија“. Со нашите решенија се избегнуваат приклучоци, кои не дихтуваат. Докажан во пракса и ценет од професионалците: системот за приклучување на канализациските цевки АВАДОК (AWADOCK) во многу варијанти, е универзално применлив, без оглед дали станува збор за дополнителни приклучоци или ново поставување. АВАДОК (AWADOCK) пред сè уверува со својата трајна заптивност, според DIN EN 1610, која е загарантирана со концептот на дихтување 3+1.

ITB_0613 - 56830

Секогаш вистинското решение за спојување на цевките на лице место

Со нашата универзална спојка за цевки АВАДУКТ ФЛЕКС-КОНЕКТ (AWADUKT FLEX-CONNECT), канализациските цевки се спојуваат со цевки направени од други материјали. Со нашите варијанти, се изведуваат спојки, кои дихтуваат, со што се добива скапоцено време на градилиште.

86842 - 114293

Соодветно решение за секоја примена

АВАДОК Класик (AWADOCK Classic)

За приклучок на

  • Бетонски цевки
  • Челични цевки
  • Камени цевки


340-D359 - 53517

АВАДОК Полимер (AWADOCK Polymer)

За приклучок на

  • Пластична цевка со мазни ѕидови
  • GFK-цевки
U21-D013 - 16673897

Цевка за спојување АВАДОК (AWADOCK)

За приклучок на

  • Канализациска цевка за спојување
840-D190 - 61861

АВАДОК за АВАШАХТ (AWASCHACHT)

За приклучок на

  • АВАШАХТ (AWASCHACHT)
  • Бетонски шахти
  • Потпирни ѕидови/ ѕидови


00020706_9945_0 - 9945

АВАДУКТ ФЛЕКС-КОНЕКТ (AWADUKT FLEX-CONNECT)

За спојување на цевки, направени од различни материјали

U27-D113 - 16677619

Приклучоци на цевките

Приклучок на пластични цевки на бетонски, челични или камени цевки

АВАДОК (AWADOCK): Систем за приклучување од полипропилен, за странично поврзување на канализациските цевки

Во ИКТ Варентест (IKT Warentest) оценет како МНОГУ ДОБАР. Универзална примена, за дополнителни приклучоци или ново полегнување.  Постојаност на температурата од - 20° C до краткотрајно 90° C. Одобрено од градежната инспекција на ДИБт (DIBt). Исполнети се барањата флексибилност согласно ATV-DVWK-A 139.

Приклучок на пластични цевки со пластичните цевки со мазни ѕидови

АВАДОК Полимер (AWADOCK Polymer): Систем за приклучок од полипропилен, за странично поврзување на пластични цевки со мазни ѕидови

Приклучен систем за поврзување на пластичните цевки DN/OD 160 и DN/OD 200 со пластични цевки со мазни ѕидови. Веќе од DN 250 АВАДОК Полимер (AWADOCK Polymer ) е поповолен од едноставниот разгранок од 90°,  со лизгачки спојки. Поволните материјални трошоци и фактот дека главниот вод не мора да се ослободи или одвои, го прават нашиот систем економична алтернатива. Исто така, тој е идеален за страничен приклучок на домот, што може да се постави за време на работата. Во IKT Warentest „Конектори за приклучок на домот“ во мај 2011 година, за АВАДОК Полимер добивме оценка „МНОГУ ДОБАР“.

Видео: Монтажа на АВАДОК Полимер (AWADOCK Polymer)

Приклучок на пластични цевки со брановидни цевки

АВАДОК Приклучна спојка за брановидни цевки: Систем за приклучок од полипропилен, за странично поврзување на брановидни цевки

Се користи за сите вообичаени цевки, според DIN EN 13476-3 (освен за ребрести и спирални цевки). Еден од малкуте приклучци, чијшто ефект на дихтување се појавува и под тежок товар и свиткување. Дихтува до 0,5 бари согласно DIN 4060 – потврдено од МФПА (MFPA). АВАДОК приклучокот за брановидна цевка,е економичен и штеди повеќе време од вообичаениот дизајн, со коси рачви и клизни спојки. Дополнителна предност: За време на монтажата, канализацијата може и понатаму да биде во функција.

Спојки на цевките

Универзална спојка за цевките

АВАДУКТ ФЛЕКС-КОНЕКТ: Наше решение од полипропилен за спојување на цевките од најразлични материјали.

Идеалниот избор за санирања: Нашата универзална спојка за цевки спојува цевки со различен надворешен дијаметар, дебелини на ѕидовите, материјали и структури на површините. АВАДУКТ ФЛЕКС-КОНЕКТ спојува крути и флексибилни цевки со мазни, ребрести или брановидни цевки.

Видео: Монтажа на АВАДУКТ ФЛЕКС-КОНЕКТ, типови 110 – 200


Ausschreibungstexte

Тендерски спецификации

За да го добиете производот што го сакате, ние ќе Ви пружиме поддршка со детални тендерски спецификации.

Стапете во контакт со нас доколку Ви се потребни нашите тендерски спецификации како Word или GAEB-датотеки.

Кон тендерските спецификации

Engineering progress

Enhancing lives