680-D100_CL - 1115512

Профили до совршенство. Суверено во основниот бизнис.

REHAU Window Solutions на саемот Fensterbau Frontale 2024.

21.03.2024

  • Решенијата во основниот бизнис ја зацврстуваат позицијата на REHAU Window Solutions како водечки All-in-One партнер за индустријата.
  • ARTEVO TERRA им нуди на професионалците за прозори дополнителни можности за одржливо успешна иднина. REHAU Window Solutions воведува био-атрибуиран ПВЦ како уште еден одржлив материјал.
  • ARTEVO TERRA овозможува дополнително намалување на CO₂ емисиите за 90 проценти во споредба со ново произведен ПВЦ.
  • SLINOVA X: Нови димензии за професионалците за прозори, ширум светот.
     

Press Contact

Sascha Gorhau

Ytterbium 4, 91058 Erlangen
Tel.: +49 9131 92-5586
Sascha.Gorhau@rehau.com

На саемот Fensterbau Frontale 2024, REHAU Window Solutions ја претстави својата најнова иновација во областа на основниот бизнис: ARTEVO TERRA. Овој профилен систем, базиран на 360-степенските перформанси на ARTEVO, користи био-атрибуиран ПВЦ како исклучително одржлив материјал. На тој начин, професионалците за прозори, добиваат, без конкуренција, одржливост во комбинација со водечко премиум решение, ориентирано кон иднината, со сите негови предности.

Ерланген, 19 март 2024 – На саемот Fensterbau Frontale 2024, REHAU Window Solutions ги презентираше клучните надградби на профилната серија ARTEVO, која беше лансирана на пазарот во претходната година. Со ова, компанијата на своите партнери им овозможува дополнителни иновативни можности за долгорочен успех на глобалниот пазар.

ARTEVO TERRA е симбол на 360-степенските перформанси на системското решение и значително ја надградува супериорноста на ARTEVO. За таа цел, експертите на REHAU Window Solutions отсега користат био-атрибуиран ПВЦ, како уште еден одржлив материјал. Со користење на био-атрибуиран и рециклиран ПВЦ во еден профилен систем, ARTEVO TERRA максимално ги намалува CO₂ емисиите во споредба со нов ПВЦ.

"ARTEVO TERRA покажува како REHAU Window Solutions постојано ги прави своите премиум системи посилни и поодржливи. Нашите експерти го развиваат системот доследно, ориентирајќи се кон потребите на нашите партнери и идните регулативни барања. Со тоа, ARTEVO TERRA нуди клучни конкурентски предности. Целиот дизајн стои за визионерска одржливост низ целиот животен циклус. Професионалците за прозори добиваат бројни додадени вредности и можат да им понудат на крајните корисници индивидуален, исклучително атрактивен и одржлив комплетен пакет", изјави Франк Цимерман, Chief Technology Officer (CTO) на REHAU Window Solutions.
 

ARTEVO TERRA на прв поглед: 

  • Премиум систем базиран на био-атрибуиран ПВЦ во горниот слој и рециклиран ПВЦ во јадрото на профилот.
  • Користениот био-атрибуиран ПВЦ, не е во конкуренција со прехранбената индустрија и има 90% помал CO₂-отисок споредено со нов ПВЦ.
  • До 80% највисока содржина на рециклат (Post-Consumer & Post-Industrial).
  • Целосна интеграција во затворениот циркуларен материјален циклус на REHAU Window Solutions: Користениот рециклат доаѓа од REHAU циркуларниот систем и по завршување на животниот циклус повторно се враќа таму.
  • Челични армирања не се потребни до висина на крилото од 2,4 метри, што дополнително го намалува CO₂-отисокот.
  • Low-E технологија за најдобри резултати во топлинска изолација. Со тоа, не само што производството е најмалку CO₂-интензивно, туку ARTEVO TERRA обезбедува и најдобра енергетска ефикасност за време на употребата.
  • Совршена обработливост: Производството и монтажата се исто толку брзи и сигурни како кај основниот систем ARTEVO.
     
REHAU_ARTEVO_LowE - 100006629

"Го следиме нашето ветување: 'Create Difference. Grow Business.' Постојаните иновации, во комбинација со технологии како Low-E за врвни U-вредности и речиси целосно отсуство на челик, го прават ARTEVO водечки премиум систем," вели Франк Цимерман.

SLINOVA X: Нова димензија за професионалците за прозори ширум светот.

Уникатен дизајн, ефикасно производство и монтажа, вградени во визионерски концепт за одржливост: SLINOVA X е иновативно лизгачко решение, базирано на High-Tech материјалот RAU-FIPRO X.

Благодарение на специјалните својства на RAU-FIPRO X, SLINOVA X нуди најтенка средишна партија кај сите ПВЦ-базирани лизгачки системи.
Иновативниот дизајн, отвора нови димензии на транспарентност и го воодушевува архитектонскиот и градежен сектор.

SLINOVA X ја дели основната рамка со SLINOVA, втората варијанта на платформата за хоризонтални лизгачки системи, што носи бројни предности:
Едноставна логистика и производство преку користење на заеднички компоненти и оптимизирани процеси.
 

SLINOVA X на прв поглед:

  • Водечки по дизајн, стабилност, иднина и обработливост.
  • Само 32 mm ширина на средишната партија – најтенка на пазарот на ПВЦ лизгачки системи.
  • До 69% содржина на рециклат.
  • Флексибилен профилен дизајн за широка примена.
  • Специфични можности за различни пазари (локална адаптација).
  • Uf вредност до 1,6 W/m²K.
  • Uw вредност до 1,4 W/m²K.
  • Одлична звучна изолација до 37 dB.
  • Високи вредности на непропустливост:
  • Отпорност на дожд до класа 7B
  • Воздушна пропустливост класа 3.
     

Други иновации од светот на профилите на REHAU Window Solutions:

  • Проширување на портфолиото на ARTEVO со нова споредна влезна врата.
  • Благодарение на потврдената AAMA-конформност, ARTEVO наскоро ќе биде достапен и на атрактивниот пазар во САД.
  • ARTEVO Nordics: Комплетно решение за скандинавските пазари.
  • Synego Slide Black Edition: Нов тренд за дизајн и изглед – алуминиумските делови сега достапни и во RAL 9005 (црна боја).


Фокус на иновациите на REHAU Window Solutions на саемот во Нирнберг:

  • All in One Partner: Create Difference. Grow Business.
  • Профили до совршенство: Сувереност во основниот бизнис.
  • Подготвени за иднината: Иновации и инспирации за одржлив успех.
  • Уникатна ефикасност: Нови решенија за нови деловни модели.
  • Фактор на успех – ОДРЖЛИВОСТ: Пионерски вчера. Денес. И утре.


REHAU Window Solutions 2024. All in One Partner.
Create Difference. Grow Business.
 

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection