Прозорци и врати од РЕХАУ

Ново откривање на прозорците. За современиот живот.

Современата технологија е составен дел од нашето секојдневие. Зошто не и во нашите прозорци?

Со РЕХАУ, ќе ги воодушевите клиентите – без оглед дали барате необични дизајни, иновативни материјали или паметни решенија.

Нашите прозорци, влезни врати, балконски врати и подичгачко-лизгачки врати, даваат многу можности за планирање и оптимално се прилагодуваат на потребите на клиентите.

За да имате повеќе слободен простор за креативни идеи и за да може да инвестирате повеќе време за консултации, развивме низа од корисни алатки и услуги. Тие даваат подршка во планирањето и ги намалуваат административните трошоци.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form securtiy alert! Form was not sent!!)

Информирајте се за сите предности и контактирајте со нас

Дознајте повеќе за нашите врвни достигнувања:

RAU-FIPRO X

Нова дефиниција на прозорците со РАУФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X)

РАУФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X), понатамошниот развој на нашиот докажан материјал, засилен со влакна, создава нови можности за прозорски профили – уникатни со X-факторот:

  • X-тра големи за елементи до 2,80 m
  • X-тра стабилни со целосно засилување на профилот до секој агол
  • X-тра силни за тежини на крилото до 150 kg
  • X-тра ефикасни со УВ вредности до 0,60 W/m²K

Tоа значи: помалку челик и помала тежина при транспорт и монтажа. За крајните корисници: нови перспективи во однос на големината, дизајнот, енергетската ефикасност и звучната изолација.

Дознајте повеќе за RAU-FIPRO X


Smart Home

Паметни решенија за безбедност и удобност

Прозорец, кој што вентилира автоматски преку систем со сензори. Прозорец, кој служи како како автоматска заштита од погледи и сонце, со што ги заменува ролетните во текот на денот, а завесите во вечерните часови? На вакви решенија работи нашиот оддел за развој.

Отворете нов потенцијал за продажба, на пазар во кој се повеќе се застапени паметните домови.

Предности:

  • Надградба на класичните прозорци и генерирање на дополнителна продажба.
  • Развој на растечки пазар.
  • Продажба на современи производи .


Смарт Гард

Новитет во светот: Превентивна заштита од провала

Системот РЕХАУ Смарт Гард (REHAU Smart Guard), интегриран во самиот прозорец, ги препознава провалниците и активно ги одвраќа уште пред да спружат раката. Во случај на вонредна состојба, Смарт Гард го пријавува обидот за провала во централата на Паметниот дом и ја стартува индивидуално конфигурираната програма за аларми.

Дознајте повеќе за Смарт Гард

Целосна разновидност во дизајнот и изгледот на прозорците

Со програмата КАЛЕИДО КОЛОР, постои огромен избор на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот капак,  прозорците добиваат висококвалитетен изглед на алуминиум. Резултат: преку 400 можности за дизајн.

Откријте го светот на боите на РЕХАУ

Трендови, кои воодушевуваат

Соодветно на актуелниот тренд на дизајнот „Скандинавија“, кој е достапен во три различни тонови на даб, КАЛЕИДО ВУДЕК овозможува, прозорците да изгледаат и на допир да се чувствуваат како да се направени од дрво.

КАЛЕИДО ВУДЕК

КАЛЕИДО ВУДЕК:
Прозорци, кои изгледаат и се чувствуваат како да се направени од дрво


Уверливи детали

Имаме голем број на корисни дополнителни компоненти и индивидуално прилагодени решенија, со кои ќе додадете вредност на РЕХАУ прозорците.

RAUCERO

Нашиот поден праг без бариери РАУЦЕРО – со висина на прагот од 0 мм – ги обединува функцијата и дизајнот. Лесен е за чистење и невидлив кога вратата е затворена.

rehau

Нашата техника на завршна обработка со висока дефиниција (ХДФ) со висок сјај е отпорна на нечистотија, лесна е за чистење и се грижи за најдобрата отпорност на лошите временски услови.


Одлична одржливост

Веќе долго време заштитата на околината, игра голема улога при купувањето. Нашите производи се одликуваат со својот еколошки печат:

  • Годишно заштедуваме до 97.000 тони CO2, преку употребата на секундарни суровини, коишто ги враќаме во производството преку ЕКО ПУЛС.
  • Нашето производство тековно го оптимизраме, со цел да заштедиме уште повеќе енергија.
  • Последно, но не и најмалку важно, нашите производи ја намалуваат потребата од енергија, благодарение на извонредните својства на топлинска изолација.


ЕКО ПУЛС – одлична одржливост

Ние ги рециклираме Вашите прозорци

Ги демонтирате старите прозорци од пластика и монтирате нови? Ние го преземаме рециклирањето. Материјалот кај нас се собира, се чисти, се меле, сортира, делумно се оплеменува и на крај повторно се искористува за производство на нови прозорски профили.

MK_WS campaign - 76095

Од старите прозорци повторно стануваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи – со истиот квалитет како и прозорците од свеж материјал. На тој начин, нашите прозорци ЕКО ПУЛС штедат енергија во текот на целиот животен век на производот, а не само кога се монтираат.


Ние сме партнер во добивањето на нови клиенти и маркетинг активностите

Ние даваме подршка во сите проекти околу прозорецот. Потпрете се на нас како искусен партнер. Партнер, кој ги познава барањата на клиентите и знае како успешно се добиваат нови нарачки. Предност: Нашите клиенти се фокусираат на основниот бизнис.

Icon_web_Mehrfamilienhaus - 72133

Помош со конфигураторот на прозорци

Конфигураторот на прозорци на РЕХАУ може едноставно да се интегрира на веб-страницата. Тој на клиентите, меѓу другото, им нуди брз преглед за програмата на профили и нивните својства, како и едноставна конфигу­рација на посакуваните прозорци и врати.

Кон конфигураторот на прозорци

Icon_Digital_Services - 72131

Брз избор и брза нарачка

Нашиот дигитален портал за корисници заштедува скапоцено време при нарачките. Тука имате директен пристап за следење на налогот, до техничките информации, текстовите за објавува, информации за клиентите и многу повеќе. А кога се потребани консултации, лицето за контакт е достапно со еден клик.

Кон порталот за корисници

Нашите системи

РЕХАУ нуди висококвалитетни решенија за најголема удобност, кои ги исполнуваат барањата на иднината – без оглед дали станува збор за прозорци, балконски врати, влезни врати или подигачко-лизгачки врати.

 

Ние сме тука за Вас!

Дојдено е време за прозорци што се исто толку модерни како и нашиот живот. Со нетрпение очекуваме да разговараме со вас!

 

Engineering progress

Enhancing lives