Современата технологија е составен дел од нашето секојдневие. Зошто не била и кај прозорците? Со РЕХАУ, се отворени сите можности – без оглед дали барате необичен дизајн, одржливи производи или паметни решенија. Дознајте повеќе за нашите врвни достигнувања:
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Прозорци, кои се модерни, како и нашиот живот
РЕХАУ си постави задача да развие прозорци и врати, кои се модерни, како и нашиот живот. Тие ни го покажуваат светот, а се грижат и за свежиот воздух, додека се затворени. Тие можат да ги одвратат провалниците пред, да направат штета.
Се одлучивте за РЕХАУ? Брзо и едноставно пронајдете производител на прозорци
Најдобри соднос на светлина и видливост
Никогаш порано архитектурата не барала толку светлина, како денес. Огромен придонес за тоа имаа големите прозорци.
Неограничени перспективи
Прозорските продили од висококвалитетниот материјал РАУФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X), достигнуваат стабилност на прозорците и со висина од 2,80 м. Истите може да се реализираат потполно функционално и безбедно – без дополнителни отвори за повеќе светлина. Особено тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини и обезбедуваат повеќе светлина.
Подготвени за извонредни елементи
Со нашите подигачко-лизгачки врати се реализираат уникатни панорамски ефекти. Елементите со ширина до 10 м и висина на отворот од 2,70 м се изведуваат во разновиден дизајн, истовремено со различни начини на отварање.
Чувствувајте се безбедни
РЕХАУ прозорците имаат оптимална заштита од провала. Класата на отпор може да се утврди според личните потреби за безбедност. Преку соодветни дополнителни мерки едноставно се реализира и класата на отпор RC 3.
Во Германија на секои 3 минути доаѓа до обид за провала во домовите. Повеќето од една третина од случаите завршуваат само со безуспешен обид за провала, и тоа благодарение на сигурсноната опрема.
Смарт Гард: ги брка провалниците пред да настане штета
Со РЕХАУ Смарт Гард, одиме уште еден чекор понатаму. Оптичките и акустичните сигнали му покажуваат на престапникот дека воопшто не треба ни да се обиде да изврши провала. Активното одвраќање спречува оштетување на прозорците и вратите.
Откријте ја превентивната заштита од провала
Бои и форми според Ваш вкус
Програмата КАЛЕИДО КОЛОР нуди огромен избор на бои и дизајни. Зависно од бараниот изглед на профилот и структурата на неговата површина, се применуваат различни постапки, на пример лакирање или ламинирање со фолија. Со алуминиумскиот поклопец пак, прозорците добиваат висококвалитетен изглед на алуминиум. Резултат: преку 400 можности за дизајн на прозорците.
Се разбира совршено може да се комбинира, различен изглед на внатрешната и надворешната страна на прозорецот.
Софистицираната архитектура често има различни побарувања за формите на прозорците. При конструкција на нашите прозорци сега имаме слобода за креативни идеи.
Оптималната температура во просторијата каде што престојуваме ги заштедува трошоците за греење и го чува нашето здравје
Температурата во просторијата каде што живееме е од исклучителна важност за да имаме пријатно чуваство во домот. Таа влијае на нашето здравје и на целокупната наша удобност. Покрај вистинската температура, уште поважна улога има и свежиот воздух во доволна количина, како и оптималната влажност на воздухот.
Заштедете енергија и зачувајте ја околината
Со нашите прозорски системи, ќе можете да ја контролирате потрошувачката на енергија во домот. Високите вредности за топлинска изолација, овозможуваат ниска потрошувачка на енергија – до 76 % помалку потрошена енергија отколку кај старите прозорци*.
* Намалување на губитокот на топлина низ прозорецот при промена на старите прозорци од дрво/пластика од 1980-тите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци од профилите ГЕНЕО РАУФИПРО ИКС (Uf = 0,89; Ug = 0,5), големина на прозорец 123 x 148 см
Наша средина, наша одговорност
Како компанија што произведува ширум светот, РЕХАУ има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, РЕХАУ ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.
Прозорци за удобен дом
Прозорските системи од РЕХАУ нудат и многу други можности за удобност во домот. Со нив, не треба да размислувате за бучавата, чистењето и достапноста.
Високо сјајната површина на профилите ХДФ (High-Definition-Finishing-Technologie -HDF) е отпорна на нечистотија, лесна е за чистење и овозможува најдобра отпорност на лоши временски услови.
Нашиот поден праг без препреки РАУЦЕРО – со висина на прагот од 0 мм – ги обединува оптималната функција и дизајнот. Лесен е за чистење и е невидлив кога вратата е затворена.
Бучавата значи стрес – и не ја сакаме во нашите четири ѕида. Со 24‑кратното намалување на бучавата, нашиот дом станува оаза на мирот.
Совети и поддршка.
Со задоволство ќе помогнеме при вашиот избор на прозорец, кој е потребен. Контактирајте со нас за да ги добиете сите потребни информации околу прозорците.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)
Специјализирани производител на прозорци во близина
Брзо и едноставно пронајдете производител на прозорци.