700-D413 - 76243

Прозорци и врати

Архитектонски услуги

Побрзо планирање и визуелизирање

Нашите прозорци, влезни врати, балконски врати и подигачко-лизгачки врати овозможуваат многу опции за планирање и оптимално се прилагодуваат на потребите на клиентите, без оглед дали станува збор за форма, боја, топлинска изолација, заштита од провали и звучната изолација. За да имате повеќе слободен простор за креативни идеи и повеќе време за консултации, развивме низа од корисни алатки и услуги за планирање. Тие ќе помогнат во планирањето и ќе ги намалат административните трошоци.

(Building Information Modeling): Виртуелно планирање со РЕХАУ

Доколку веќе користите БИМ (BIM) во своето архитектонско биро, можеме да доставиме податоци кои се потребни за визуелизирање во програмата БИМ (Building Information Modeling).

Во видеото ги покажуваме сите предности, кои ги има оваа алатка за виртуелно планирање.

Дознајте повеќе

Преглед на други услуги

Советување

На телефон или директно на лице место, нашите експерти секогаш одвојуваат време за прашања, повзрани со техничките детали кои се потребни при планирањето. 

Стапете во контакт

Софтвер за планирање

Нашиот софтвер за планирање, овозможува  поддршка за архитектите, без оглед да ли е пресметка на статиката или оптоварување од ветерот, подговотвка на тендерска документација, или пристап до технички информации. 

Регистрирај се сега

Портал за клиенти

Порталот за клиенти во секое време обезбедува информации за нашите системи  за прозорци и врати. Така, нашите клиенти секогаш се во тек со новитетите. 

Семинари

РЕХАУ академијата обезбедува бројни семинари и вебинари, на кои се добиваат квалификувани познавања за прозорците и нивно планирање во проекти.

Голем избор на дизајни: за остварување на вашите идеи

РЕХАУ прозорците и вратите се универзални и можат се

Со повеќе од 400 опции за дизајн, не постои концепт на фасади, кој нема да може да го реализирате, со РЕХАУ прозорците: прозорци со големи површни со благороден алуминиумски изглед, необични прозорски елементи со кружна или шестаголна форма, во скоро сите RAL-бои и со најразлични структури на површината. РЕХАУ прозорците се прилагодуваат на секоја идеја.

Вила - Шпанија
Вила

Шпанија

Вила на плажа - Бразил
Вила на плажа

Бразил

Едносемејна куќа - Германија
Едносемејна куќа

Германија

Едносемејна куќа - Колумбија
Едносемејна куќа

Колумбија

Едносемејна куќа - Норвешка
Едносемејна куќа

Норвешка

Креирање со КАЛЕИДО КОЛОР: Фолија или лакирање, алуминиумски изглед или чувство на дрво

Класично бела боја, природен изглед на дрво, актуелни едноставни бои или пак изглед на метал. Во нашата палета ги имаме речиси сите RAL-бои. Прозорците и вратите може да се конструираат различно, однатре и однадвор. Над 400 различни можности за креирање на прозорците, за секој индивидуален проект – ова овозможуваат боите од програмата КАЛЕИДО КОЛОР, различните фолии од програмата КАЛЕИДО ФОИЛ, лаковите од програмата КАЛЕИДО ПЕИНТ, алуминиумски капаци КАЛЕИДО КАВЕР.

КАЛЕИДО ВУДЕК

КАЛЕИДО ВУДЕК

Ново кај КАЛЕИДО КОЛОР

Соодветно на актуелниот тренд на дизајнот „Скандинавија“ што е достапен во три различни тонови на даб, програмата КАЛЕИДО ВУДЕК на прозорците им дава посебно чувство и изглед на дрво, кое одвај да може да се разликува од вистински дрвени прозорци.

Дознајте повеќе

Обединува дизајн и функција:

Нашиот поден праг без препреки РАУЦЕРО – со висина на прагот од 0 mm

  • Лесно чистење
  • Оптичка атрактивност
  • Совршено прилагодено на РЕХАУ системите за влезни и балконски врати
  • Оценето како најдобро решение во критериумот „Лесна преминливост“ од страна на ифт Розенхајм
РАУЦЕРО

Паметна технологија во прозорецот.

Нашите концепти за паметниот дом.

РЕХАУ си постави задача, да развие прозорци кои ќе бидат паметни како и ние – како и нашиот живот. Прозорци, кои не само што ќе ни го покажуваат светот, туку ќе ни овозможат приватност без користење на завеси или ролетни што пречат. Прозорци, кои ќе се грижат за свежиот воздух, додека се затворени. И секако прозорци, кои ќе ги одвратат провалниците, уште пред нешто да се случи.

Новитет во светот: Превентивна заштита од провала

Алармниот модул РЕХАУ Смарт Гард, интегриран во прозорецот, ги препознава провалниците и активно ги одвраќа уште пред да направат обид за провала. Во случај на вонредна состојба, Смарт Гард го пријавува обидот за провала во централата на Паметниот дом и ја стартува индивидуално конфигурираната програма за аларми.

Дознајте повеќе

Смарт Гард систем конект


Материјали за највисоки барања

Енергетски ефикасни, со заштита од провалувала и звучна изолација: Нашите прозорци и врати за новоградба и за објекти кои се реновираат.

Без оглед дали станува збор за ПВЦ или зајакнат со стаклени влакна РАУ-ФИПРО ИКС, кај нас постои соодветно решение за секое барање: за новоградби, реновирање на објекти, за едносемејни или двосемејни куќи, за деловни згради. Прозорците се одликуваат со: најдобра вредност на топлинската изолација со Uf-врвни вредности под 0,8 W/m²K, заштита од провала до класа на отпор RC3, како и висока класа на звучна изолација.

700-D248 - 72535


Нова дефиниција на прозорците – со РАУ-ФИПРО ИКС

Максимални големини на прозорците и најдобра енергетска ефикасност, а истовремено речиси неограничена креативна слобода.

Со РАУ-ФИПРО во 2008 година, принципот на композитни материјали засилени со влакна – досега познат првенствено од тркачките спортови и авионската индустрија – за прв пат се користи кај прозорците и ги комбинира најдобрите својства на двата света: ПВЦ и стаклени влакна. Со својот удел на стаклени влакна, зголемен за 50 %, РАУ-ФИПРО ИКС е материјал со високи перформанси, со бескрајни можности и ги проширува познатите предности на РАУ-ФИПРО ИКС за X-факторот:

RAU-FIPRO X

X-ТРА големи елементи

Елементи со висина до 2,80 m – целосно без дополнителни покривни прозорци.

X-ТРА висока енергетска ефикасност

Uw-вредности до 0,60 W/m2K благодарение на избегнување на челичното армирање.

X-ТРА  можности

Интеграција стакла за звучна изолација и безбедност, благодарение на тежините на крилото до 150 kg.

РЕХАУ ЕКО ПУЛС

Активно доживување на одржливоста

Енергетска ефикасност и заштеда на ресурсите кај РЕХАУ

Одржливоста, пак, цврсто се етаблира во нашето општество и со тоа ја менува архитектурата и конструкцијата. Како компанија, која произведува ширум светот, РЕХАУ има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа, ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики, како и самите производи. Прозорските профили на РЕХАУ со ознаката за  ЕКО ПУЛС, се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.

Дознајте повеќе

Преглед: Сите предности со еден поглед

Прозорци од РАУ-ФИПРО и ПВЦ

Производ | Длабочина на вградување | МатеријалТоплинска изолација 
Uf-вредност
Заштита од провала
Класа на отпор
Вредност на звучна
изолација Rw,P     
 
ГЕНЕО 86 mm | РАУ-ФИПРОдо 0,79 W/m²Kдо RC3до 47 dBкон производот
ГЕНЕО ИНОВЕНТ 86 mm | РАУ-ФИПРОдо 1,1 W/m²Kдо RC2до 42 dBкон производот
Nordic-Design plus 120 mm | РАУ-ФИПРОдо 1,0 W/m²K-до 40 dBкон производот
СИНЕГО 80 mm | ПВЦдо 0,94 W/m²Kдо RC3до 46 dBкон производот
СИНЕГО NL 120 mm | ПВЦдо 1,0 W/m²Kдо RC3до 46 dBкон производот
Брилант Дизајн 70 mm | ПВЦдо 1,3 W/m²Kдо RC3до 45 dBкон производот
Еуро Дизајн 70 mm | ПВЦдо 1,3 W/m²Kдо RC2до 45 dBкон производот

 

Влезни врати од РАУ-ФИПРО и ПВЦ

Производ | Длабочина на вградување | МатеријалТоплинска изолација 
Uf-вредност
Заштита од провала
Класа на отпор
Вредност на звучна
изолација Rw,P     
 
ГЕНЕО 86 mm | РАУ-ФИПРОдо 0,78 W/m²Kдо RC2зависно од полнењетокон производот
СИНЕГО 80 mm | ПВЦдо 1,2 W/m²Kдо RC2зависно од полнењетокон производот
Брилант Дизајн 70 mm | ПВЦдо 1,6 W/m²Kдо RC3зависно од полнењетокон производот

 

Подигачко-лизгачки врати од РАУ-ФИПРО и ПВЦ

Производ | Длабочина на вградување | МатеријалТоплинска изолација 
Uf-вредност
Заштита од провала
Класа на отпор
Вредност на звучна
изолација Rw,P     
 
ГЕНЕО 203 mm / 86 mm | РАУ-ФИПРОдо 1,3 W/m²Kдо RC2до 43 dBкон производот
ГЕНЕО 190 mm / 80 mm | ПВЦдо 1,3 W/m²Kдо RC2до 43 dBкон производот

РЕХАУ Смарт Гард

Искусете ги интелигентните прозорци, кои ги одвраќаат провалниците, пред да настане штета.

Дознајте повеќе

Контакт

Имате прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме за нашите иновативни системи на прозорци и врати.

Стапете во контакт

Engineering progress

Enhancing lives