Нова дефиниција на прозорците – со РАУ-ФИПРО ИКС
РАУ-ФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X)
Со РАУФИПРО РЕХАУ во 2008 година направи револуција на пазарот за прозорци. Принципот на композитни материјали засилени со стаклени влакна – досега познат првенствено кај авто-трките и авионската индустрија – за првпат се користи кај прозорците и ги комбинира најдобрите својства на ПВЦ-то и стаклените влакна во материјал од нов вид сосема нов материјал.
Со својот удел на стаклени влакна, зголемен за 50 % во крилото, РАУФИПРО ИКС ги проширува познатите предности за X‑фактор!
X-тра стабилни
Профилите од РАУ‑ФИПРО ИКС X се целосно армирани, без додавање на челик сè до аглите, без дополнително лепење.
Товарот се пренесува во сите насоки.
Зголемената отпорност на температура обезбедува максимална стабилност – од исклучителна важност особено поради зголемениот број на фолирани и обоени профили.
X-тра силни
Се поддржуваат тежини на крилата до 150 kg - и со тоа е овозможена интеграција на стакло кое има звучна и сигурносна заштита:
- Прозорците од профилите РАУ‑ФИПРО ИКС X ја намалуваат бучавата за до 47 dB.
- Класата на отпор RC 2 се достигнува без проблеми. Дури и барањата на класата на отпор RC 3 едноставно се реализираат преку соодветните дополнителни мерки.
Самите профили притоа се до 40 % полесни од системите на конкуренцијата. Тоа ја олеснува обработката и монтажата.
X-тра ефикасни
90 % од сите рамки изработени од РАУ‑ФИПРО ИКС доаѓаат без метално армирање. Така се избегнува појава на неповолни термички мостови.
Слободните комори можат да се користат за дополнителни мерки за термичка изолација. А во комбинација со тројно изолирачко стакло се постигнуваат идеални Uw‑вредности до 0,60 W/m2K.
Прозорските профили од РАУ‑ФИПРО ИКС се сертифицирани од страна на институтот за пасивни куќи во Дармштат.
X-тра дизајн
Програмата КАЛЕИДО КОЛОР Ви нуди огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање (КАЛЕИДО ПЕИНТ) или фолирање (КАЛЕИДО ФОИЛ). Резултат: преку 400 можности за дизајн.
Идеална алуминиумска оптика
Со алуминиумскиот поклопец КАЛЕИДО КАВЕР, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика – благодарение на универзалниот профил обоен во антрацит, дури и при отворањето.
Природен изглед со КАЛЕИДО ВУДЕК
Следното ниво на оптика и ‑изглед на дрвото: Мат површините не се само убави за гледање, туку исто така и даваат чувство на реално дрво.
Активна одржливост
Старите прозорци стануваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи – со ист квалитет во споредба РЕХАУ прозорците со РЕХАУ прозорците изработени од свеж материјал. Материјалот се собира, се распределува, чисти и Материјалот се собира, се распределува, чисти и се рециклира во внатрешното јадро на новите прозорски профили.
Со тоа уште денес постигнуваме заштеда на CO2‑ до 97.000 тони годишно.
Силен тим: Прозорски систем ГЕНЕО (GENEO) и РАУ-ФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X)
Успехот РАУ ФИПРО е тесно поврзан со нашиот прозорски систем ГЕНЕО. Логична последица: ГЕНЕО е
првиот РЕХАУ систем што е достапен со РАУФИПРО ИКС.
Најважните вредности со еден поглед: