Водоводот под контрола.
RE.GUARD: паметен контролер на водата со технологија што е оптимизирана за безбедност.
RE.GUARD – паметен контролер на вода
Со RE.GUARD, водоводот во секое време е безбеден на дофат.
Оштетувања од водата настануваат почесто отколку што се мисли, а во многу случаи осигурувањето плаќа само дел од реалните трошоци. RE.GUARD, паметниот контролер на вода, детектира пукнати цевки, како и најмали истекувања, и воопшто не дозволува да настанат помали оштетувања од водата.
Достапно веднаш
Предности на интелигентниот контролер на вода
Се инсталира брзо и едноставно
RE.GUARD се инсталира брзо како водомер и благодарение на компактниот облик е погоден и за надградба.
Сè е под контрола
Со RE.GUARD апликацијата1, водоводот се контролира од секаде и пораките се испраќаат директно на паметниот телефон во случај на аномалии.
Уникатна безбедност
Со иновативната техника на ултразвучно мерење, радио-стандардот Z-Wave, батериите за итни случаи и друго, уживајте во максималната заштита.
За сите
За сите домови за едно или две семејства2, без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба.
А благодарение на компактниот облик, можна е монтажа и во ограничени простори.
Паметно вмрежување, интелигентен систем
1
RE.GUARD контролер на вода
Помага во детектирањето пукнати цевки и истекувања капки и го исклучува водоводот во случај на оштетување. Дополнително, ја мери потрошувачката на вода и дозволува рачно исклучување и вклучување на водоводот. Монтажата се одвива директно по водомерот, уште пред филтерот за вода во домот.
2
RE.GUARD сигнализатор за вода
Преку радио-стандардот Z-Wave, сигурно се поврзува со контролерот на вода и детектира вода што истекува во критичните подрачја. Сигнализаторите за вода опционално може да се постават во целата куќа и да се опремат со продолжен кабел за тешко пристапните места.
3
RE.HUB порта1
Ги поврзува RE.GUARD уредите со интернет и лесно се приклучува на рутерот.
4
RE.GUARD апликација1
Ги информира Вашите клиенти во секое време и насекаде на паметниот телефон и помага во препознавањето на одржливите потенцијали за штедење во потрошувачката на вода.
Вака функционира паметниот контролер на вода
RE.GUARD помага во детектирањето пукнати цевки, како и истекувања капки во водоводот и ги надгледува просториите со сигнализаторите за вода.
Во случај на аномалии, RE.GUARD го блокира водоводот и ги известува Вашите клиенти преку апликацијата1.
Скапите оштетувања, мувлата, нематеријалните загуби се минимизираат, а гневот што одзема време ефикасно ќе се спречи со осигурувањето.
Сигнализатори за вода
Сигнализаторите за мода можете да се постават флексибилно во домот и нудат уште повеќе безбедност на критичните места.
Апликација
Преку апликацијата1, Вашите клиенти имаат сè во вид на паметниот телефон.
Дознајте повеќе
RE.GUARD апликацијата е достапна бесплатно за iOS и Android:
Иновативна метода на мерење
За детектирање на пукнатите цевки RE.GUARD ја користи иновативната ултразвучна техника за мерење на протокот. Таа не бара подвижни делови и поради тоа е исклучително издржлива и трајно прецизна. Освен тоа, ги изостава компонентите во подрачјето за вода и на тој начин се грижи за оптимален проток и минимални трошоци за одржување.
Немате интернет-пристап? Нема проблем!
Z-Wave е сертифициран радио-стандард, оптимизиран за паметниот дом. Z-Wave-уредите комуницираат само едни со други и со портата и не се достапни директно од интернет. Ова дополнително ја зголемува безбедноста. Можна е работа без интернет-пристап или облак. Дополнително, краткото времетраење и малата моќност на пренос овозможуваат намалено безжично оптоварување во споредба со WLAN.
Се инсталира брзо и едноставно
Без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба: RE.GUARD има компактен дизајн и може да се вгради брзо и некомплицирано. Исто така и поставувањето1 се одвива во неколку потези, благодарение на интуитивниот помошник за инсталирање.
Од ова профитирате Вие:
- Брза и едноставна инсталација
- Компактен облик
- Соодветно за новоградба, реновирање или надградба
- Минимални трошоци за одржување благодарение на ултразвучната техника
- Продажба плус благодарение на договорите за одржување
- Соодветно за новоградба, реновирање или надградба
Од ова профитираат Вашите клиенти:
- Комплетно безбедно, исто така и кога не сте дома
- Автоматско исклучување, интервенира и без интернет-врска
- Со апликацијата секогаш имате сè во вид
- Премии за осигурување со попуст
- Одбегнување на скапите оштетувања што со себе најчесто повлекуваат гнев со осигурувањето и долготрајна санација
- Притоа се намалува и штетата од влага, а со тоа и мувлата што е опасна по здравјето
- Погодно и за надградба
Сега стапете во контакт со Вашиот овластен претставник за продажба.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)
1 Се претпоставува дека паметниот телефон е поврзан со интернет.
2 RE.GUARD е конципиран за домови за едно или две семејства и не е погоден за големи станбени комплекси со повеќе од две станбени единици.