Прашања и одговори за Вашите клиенти во врска со контролерот на вода со RE.GUARD

Најважните одговори и прашања во врска со темите RE.GUARD, паметниот контролер и сигнализаторите за вода.

BAU-D1520 - 73775



Кои делови од системот RE.GUARD ми се потребни за оптимална заштита?

Покрај RE.GUARD контролерот на вода Ви треба RE.HUB, со цел да се постават граничните вредности што се специфични за домаќинството, како и управувањето преку апликација. RE.GUARD сигнализаторот за вода е опционален и ги обезбедува особено сензитивните подрачја.

Дали може одделно да го користам RE.GUARD сигнализаторот за вода?

Не. За да се гарантира ефикасна заштита, за примена на RE.GUARD сигнализаторот за вода дополнително Ви е потребен RE.GUARD контролерот на вода што во сериозен случај се грижи за блокирање на дотокот на водата.

Дали сум заштитен и во случај на прекин на електричната енергија?

RE.GUARD контролерот на вода може да се опреми со батерии за итни случаи, коишто во случај на прекин на електрична енергија може да ја одржуваат работата најмногу до 24 часа.

Дали може и рачно да го отворам RE.GUARD контролерот на вода?

Во малку веројатниот случај веќе да не е можно отворање преку апликацијата или на самиот уред, можете да го отстраните куќиштето на RE.GUARD контролерот на водата и рачно да ја отворите блокадата. Описот ќе го најдете на уредот.

Дали може сам да го монтирам RE.GUARD контролерот на вода?

Монтажата на RE.GUARD контролерот на вода стручно мора да ја изведе специјализиран партнер на РЕХАУ. Граничните вредности се наведени во упатството и нив може да ги нагоди сервисерот, но и самиот клиент. Препорачуваме почетните вредности да ги постави сервисерот.

Дали може сам да го пуштам во работа RE.GUARD сигнализаторот за вода?

Да, пуштањето во работа се одвива интуитивно, само со неколку потези. На тој начин може последователно да додадете и понатамошни сигнализатори за вода. RE.GUARD сигнализаторите за вода може да ги порачате кај Вашиот мајстор.

Дали RE.GUARD контролерот на вода може да се монтира со секој систем на цевки?

Да, RE.GUARD контролерот на вода благодарение на завртката со навој може да се поврзе на сите системи на цевки. На тој начин, RE.GUARD контролерот на вода подеднакво е погоден за новоградба, реновирање и надградба.

Дали RE.GUARD контролерот на вода општо е погоден за монтирање во инсталацијата за вода за пиење, односно дали е проверен?

Сертификатот DVGW, односно DIN-DVGW (DVGW = Германско здружение за гас и вода) појаснува дека производот е погоден за примена во подрачјето на вода за пиење и монтажа на цевководот. Уредот е сертифициран според DIN 3553 DVGW. Сертификатот е достапен на барање.

Дали RE.GUARD сигнализаторот за вода може да се монтира пред филтерот за вода во домот?

Да. Методот за мерење на ултразвук на RE.GUARD не е под негативно влијание од честички од нечистотија, како на пример песок. Така, филтерот за вода во домот е исто така обезбеден како можна причина за штета.

Дали е можна монтажа во водот за топла вода?

Не, монтажата е можна само во водот за ладна вода, односно доводот за ладна вода кон доводот за топла вода.

Живеам во станбена зграда. Дали RE.GUARD може да се монтира и кај мене?

Монтажата во овој момент е можна само во посебен стан од станбената зграда со децентрализирано снабдување со топла вода. RE.GUARD контролерот на вода не може да се монтира во главниот вод од водата за пиење од станбената зграда, како на пример во подрумот по главниот водомер.

За кои оперативни системи е достапна RE.GUARD апликацијата?

RE.GUARD апликацијата е достапна од верзиите Android 7.0 и iOS 11.

Дали RE.GUARD е заштитена од сајбер-напади?

Безбедноста на целиот систем редовно ја проверуваат независни институти. По потреба, ажурирањата на фирмверот се обезбедуваат преку апликацијата. Доколку и покрај сите безбедносни мерки некому му успее да пристапи до Вашиот систем, RE.GUARD во секое време може да се исклучи од електричната мрежа и да се отвори рачно. Оттаму, Z-Wave уредите се особено безбедни во однос на сајбер-нападите, бидејќи тие комуницираат само едни со други или со портата и, според тоа, не се директно достапни од интернет.

Дали ми е потребна апликацијата за да може да го контролирам RE.GUARD?

Управувањето со RE.GUARD контролерот на водата е можно и без апликација на самиот уред. Овој контролер содржи само основни функции, поставките дефинирани од корисникот се вршат само преку RE.GUARD апликацијата. Заштитната функција исто така е дадена без користење на апликацијата.

Дали може да ја користам RE.GUARD апликацијата и без облак?

Да, RE.GUARD апликацијата може да се користи и без поврзување со облакот исклучително во своја сопствена локална WLAN-мрежа. Одредени функции, како на пример пораки за аномалии, контрола или следење на потрошувачката на вода, сепак не се можни ако се наоѓате надвор од оваа мрежа.

Што ќе се случи со моите лични податоци?

Сите податоци, како на пр. Вашите податоци за пријавување, вредностите на потрошувачката и поставките за граничните вредности, се складираат на сервери во ЕУ. Овие информации се користат исклучително за обезбедување на функционалноста на уредите. Понатамошни информации ќе најдете во Политиката за приватност на апликацијата.



Со само 4 компоненти до безбедниот контролер на вода

410-D002 - 80181

RE.GUARD контролер на вода

Помага во детектирањето пукнати цевки и истекувања капки и го исклучува водоводот во случај на оштетување. Дополнително, ја мери потрошувачката на вода и дозволува рачно исклучување и вклучување на водоводот. Монтажата се одвива директно по водомерот, уште пред филтерот за вода во домот.


RE.GUARD Wassermelder

RE.GUARD сигнализатор за вода

Преку радио-стандардот Z-Wave, сигурно се поврзува со контролерот на вода и детектира вода што истекува во критичните подрачја. Сигнализаторите за вода опционално може да се постават во целата куќа и да се опремат со продолжен кабел за тешко пристапните места.


RE.HUB Gateway

RE.HUB порта1

Ги поврзува RE.GUARD уредите со интернет и лесно се приклучува на рутерот.


410700_Mockup_Iphone_Homescreen - 86243

RE.GUARD апликација1

Ги информира Вашите клиенти во секое време и насекаде на паметниот телефон и помага во препознавањето на одржливите потенцијали за штедење во потрошувачката на вода.


 
410-D057_CL - 86089


Сега стапете во контакт со Вашиот овластен претставник за продажба.

Стапете во контакт – Вашиот овластен претставник за продажба потоа ќе воспостави врска со Вас.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

1 Се претпоставува дека паметниот телефон е поврзан со интернет.


Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection