NEA SMART 2.0

Oчекувајте повеќе од автоматиката за регулирање на температурата

Ние применуваме модерни технологии на скоро сите полиња од нашето секојдневие. Зошто да не ги применуваме и при регулирање на температурата во нашиот дом? Соодветна температура во домот има одлучувачка улога за да се чувствуваме пријатно. 

Како би било кога нашето греење ќе може да ја регулира температурата согласно нашите потреби? Откирјте ја НЕА СМАРТ 2.0: регулатор за температура во секоја поединечна просторија, од кој навистина можете да очекувате повеќе. 

Повеќе паметни функции

Регулаторот за температура во поединечни простории НЕА СМАРТ 2.0 обезбедува соодветна температура во вистинско време и тоа индивидуално за секоја просторија посебно.

НЕА СМАРТ 2.0 го учи однесувањето на греењето и негово користење од наша страна и потоа автомтски се подесува – без потреба нешто да правиме. А ако сепак сакаме мануелно да подесиме, имаме можност во секое време: или на самиот уред од било кое место на светот преку соодветна апликација, или преку гласовно управување преку Амазон Алекса.



Повеќе предности

Wohlfühltemperatur

Секогаш вистинската температура за пријатно чувствоr

Energiesparen

До 20 % заштеда на енергија

Hochwertiges Design

Висококвалитетен, елегантен дизајн

Einfache Bedienung

Интуитивно ракување, можно и преку апликација 

Icon_Gesamtsystem_schwarz - 81451

Футуристички сигурен систем



Поголема удобност, благодарение на гласовното управување


Дома, начесто постојано имаме нешто за работа – или пак сакаме во мир и тишина да се одмориме. Сега, температурата во домот можеме да ја подесуваме со говор.

Сеедно дали готвиме или пак се одмараме на каучот: Благодарение на НЕА СМАРТ 2.0 температурата во домот ја регулираме со говор. На тој начин не мора да ја оставаме работата која ја работиме во моментот или пак да стануваме од кревет за да ја подесиме саканата температура. 




954-D197_01 - 62588


Постојано пријатно чувство


За наишиот дом сакаме доследни решенија, кои одговараат на нашиот живот. Од решенијата на РЕХАУ навистина можете да очекувате повеќе. Имено сите компоненти – од цевките за подно греење па се до регулаторот за температура– доаѓаат од иста рака и перфектно се меѓусебно компонирани. Тие се флексибилни, долготрајни и сигурни. И овозможуваат повеќе функции и удобност. 
 


NEA SMART 2.0


Заштедете повеќе енергија со Геофенсинг.


Нашиот паметен телефон точно знае, кога доаѓа следниот автобус, или каде да најдеме сервис и слично – зашто не би можело и нашето греење да знае кога сме дома или кога ја напуштаме куќата?
НЕА СМАРТ 2.0 го овоможува тоа. Благодарение на Геофенсинг технологијата подното греење ќе грее само тогаш, кога сте дома или пак кога сте на пат за дома. Тоа заштедува енергија и ја штити околината. 


На овој начин функционира Геофенсинг технологијата:

Temperaturregelung mit Geofencing

Кога сте дома, НЕА СМАРТ 2.0 ја подесува соодветната температура за пријатна клима. 

Temperaturregelung mit Geofencing

Кога го напуштате домот, НЕА СМАРТ 2.0 ја намалува температурата и заштедува енергија. 



954-D195 - 62596



Подобар дизајн


Нашиот дом го уредуваме грижливо и внимаваме да соодветствува на нашиот вкус. И овде можеме да очекуваме повеќе од НЕА СМАРТ 2. Регулаторот за температура овозможува висококвалитетна оптика и елегантен дизајн во две атрактивни бои: дискретна и незабележителна бела или пак нагласена црна. Дополнително воодушевува безвременскиот ЛЕД матрикс екран и дискретната светлечка рамка. На тој начин НЕА СМАРТ 2.0 совршено се вклопува во нашиот дом во кој секогаш се чувствуваме пријатно.


Temperaturregler NEA SMART 2.0 in Schwarz

Temperaturregler NEA SMART 2.0 in Weiß


Broschüre NEA SMART 2.0


НЕА СМАРТ 2.0 – Секогаш вистинската температура 


Целосен преглед за регулаторот за температура НЕА СМАРТ 2.0 има во брошурата која можете да ја симнете. 

14.07.2020 Brochure
pdf

Симни
(pdf, 3 MB)

17.07.2020 Упатство за крајниот корисник
pdf

Симни
(pdf, 6 MB)


Дознајте повеќе за површинското греење и ладење:


РЕХАУ Површинско греење и ладењ

Имате прашања за регулаторот на собна температура НЕА СМАРТ 2.0?

Овде ќе добиете одговори на често поставуваните прашања


Очекувајте повеќе совети и поддршка.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ