РЕХАУ го претвора мебелот во кориснички интерфејс

Smart Sense

‘‘SMART SENSE’’ беше претставен на меѓународниот саем за мебел, во Келн јануари 2018 година, и ги освои посетителите, бидејќи полимерниот профил, кој е осетлив на допир го претвора мебелот во кориснички интерфејс: така може да се прилагоди висината на масата, да се регулира светлината итн. Иновавниот производ, беше одлично прифатен и тоа не само од посетителите на саемот.

Идејата ‘‘SMART SENSE’’ е родена како дел од соработката помеѓу одделот за решенија за ентериер и технолошката платформа „Електроника во полимери“, која се занимава   со интеграцијата на сензитивни површини во полимерните компоненти уште од 2013 година, во тоа време сè уште во областа на развој на технологијата „интеграција на електронска функција“ . „Вештачките материјали и електрониката добро одат заедно, бидејќи полимерите не прават непропустлив оклоп. На пример, ако капакот на паметен телефон би бил направен целосно од метал, нема да поминува никаков сигнал “, објаснува Др. Ансгар Нихоф (Ansgar Niehoff), раководител на технолошката платформа  „Електроника во полимери“. Во 2015 и 2016 година, тимот на “Напредни технологии “ (Advanced Technologies) интензивно се занимаваше со технологијата и им пристапи на дивизиите со примери на примена и демонстратори. „Веднаш го препознавме потенцијалот на дивизијата “Решенија за ентериер“, рече Торстен Цвенцнер (Thorsten Zwenzner), раководтел на производите во дивизијата- решенија за ентериер. Заедно со почетокот на електроника во вешкачки материјали и производителот на канцелариски мебел ‘’König + Neurath’’, направен беше ‘‘SMART SENSE’’за конференциски маси. На пример, со „ Endlos Touch “, може да се прилагоди висината на масата од која било позиција.

„За нас, ‘‘SMART SENSE’’ е само врв на ледениот брег. Ние сакаме да создадеме дополнителни функционални придобивки со нашите полимери, а со тоа да создадеме вистинска додадена вредност за клиентите. Интензивно се занимаваме и со нови пазари и со алтернативни деловни модели “, потенцира Торстен. Областа ‘’Нега’’ е особено интересна. Поради стареењето на општеството, недостигот на квалификувани работници и професионализацијата на секторот ‘’Домашна нега’’, овде има многу потенцијал.

Видеото ја покажува Лора Степхун, Менаџер за производи за канцелариски системи, ‘‘SMART SENSE’’ во акција.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection