00021861_42469_0 - 42469

Специјални шахти

Дополнување на модуларниот систем: Нашите специјални решенија

Шахтите за специјална примена ги комплетираат нашите решенија на канализациската мрежа. Овде ќе најдете ефикасно решение за секоја цел: од бетонски адаптер до шахта со водомер. Како дел од семејството АВАШАХТ (AWASCHACHT) , за нашите специјални шахти важат истите стандарди: долготрајни се, oтпорни на пловење и дихтуваат 100 %.

Преглед на специјалните шахти

Шахта со пумпа

АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП DN 1000/800 како шахта со пумпа

Во системите за одводнување под притисок, шахтата со пумпа, со единечна или двојна пумпна станица, ги премостува разликите во висината помеѓу главната и приодната канализација. Таа ја собира отпадната вода од гравитацискиот одвод и ја пумпа преку цевка за притисок до главната канализација, поврзана преку шахта за предавање или за олеснување на притисокот. Соодветна за приватно, комунално и индустриско одводнување.

Шахта за плакнење

АВАШАХТ (AWASCHACHT)  Waterflush како шахта за плакнење

Плакнење наместо обемно чистење: Наслагите и затнувањата во канализациските мрежи, многу често предизвикуват трошоци за одржување. Со АВАШАХТ (AWASCHACHT)  Waterflush, се избегнуваат рачни чистења како и употребата на камиони за миење на улиците. Исто така и самата шахта за плакнење речиси не предизвикува трошоци за одржување, благодарение на својата робусна конструкција од не`рѓосувачки челик. Дури и најмалите приливи од дождовница, потрошна и покривна вода ги претвора во ефикасен млаз за плакнење. Предност: Нашата шахта за плакнење може да ја инсталирате и подоцна во веќе постојните шахти.

Шахта со водомер

АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП DN 1000 како шахта со водомер за повеќе мерни единици

Соодветна и за повеќе мерни единици, нашата АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП DN 1000 е одлличен избор за канализациска мрежа. Благодарение на големиот дијаметар, водомерот не мора да се крева, како што е случај во шахтите DN 600. Светлата боја на шахтата, дополнително обезбедува поголема безбедност, во работата. Со интегрирана заштита од мрзнење, благодарение на изолациската плоча од стиропор, поставена во конусот на шахтата.

Комбинирана шахта

ТВИНШАХТА АВАШАХТ (TWINSCHACHT AWASCHACHT)  ПП DN 1000 како комбинирана шахта за паралелно водење на фекална и атморсферска канализација во едно

ТВИНШАХТАТА (TWINSCHACHT)   овозможува: паралелно поставување на цевките за фекална и атмостферска канализација во едне ров за цевки. Таа ги интегрира, двата системи во една шахта, но им овозможува да истекуваат одделно. Нечистата вода се пренасочува преку отворен канал, а дождовницата преку затворена, вонцентрична розета на цевки со отвор за чистење.

Предност: 50 % заштеда на материјалните трошоците и во изведбата на градбата, бидејќи со паралелното поставување на цевките за дождовница и отпадна вода се преполовуваат и трошоците како и и потребата за место.

Шахта за конверзија на енергија, односно шахта за олеснување на притисокот

АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП дно DN 1000 како шахта за конверзија на енергија, односно шахта за олеснување на притисокот со сферично дно

Како шахта за конверзија на енергија, таа може да се монтира паралелно со текот на теренот, без сложени градежни структури против паѓање. Во споредба со монтираните шахти за паѓање, благодарение на „сферичната форма“ на подот на шахтата, што обезбедува дополнително чистење, нема опасност од затнување. Според тоа, растојанието на градните места, може да се зголеми за до 100 %.

Како шахта за олеснување на притисокот во гравитациските одводи, АВАШАХТ (AWASCHACHT)  ПП со дно DN 1000, се чисти сама: опремена со сферично дно и танагенцијален приклучок. Како резултат на тоа, се развиваат помалку гасови, што со нашиот биофилтер за канализациска шахта може да ги претворите во издувен воздух со неутрална миризба и без штетни материи

Бетонски адаптер

Бетонски адаптер за санирање на бетонската шахта над дното на шахтата

80 % од сите штети на бетонските шахти настануваат на компонентите на дното на шахтите. Ова е резултат од анкетата на DWA од 2009 година. Последица: оштетени скалила за искачување, шахти што не дихтуваат и пукнатини во бетонските шахти. Нашиот адаптер за подови на бетонските шахти овозможува замена на оштетените компоненти со нови – без замена на подот на бетонската шахта.

Помош во планирањето

Дигитални податоци за објектот

Побрзо од нарачката до доставата со нашето дигитално снимање на податоците за објектот

Онлајн статичка пресметка

Во неколку чекори за статичка пресметка на заземјени цевки според ATV-DVWK-A 127

Ausschreibungstexte

Тендерски спецификации

За да го добиете производот што го сакате, ние ќе Ви пружиме поддршка со детални тендерски спецификации.

Стапете во контакт со нас доколку се потребни нашите тендерски спецификации како Word или GAEB-датотеки.

Кон тендерските спецификации

Engineering progress

Enhancing lives