Често поставувани прашања

Најважните одговори на прашањата во врска се паметната чешма за вода RE.SOURCE.


Потрошните материјали се достапни на

rehau.com/webshop




Потребни ли се посебни услови за инсталација на RE.SOURCE?

Чешмата се монтира како и секоја друга стандардна чешма. Само ладилникот, во едлелемнтот за под маса, заради доволен довод на воздух, бара канал за излез на топлиот воздух од долната страна на орманот и приклучок за штекер со 230 V и 16 A.

Може ли самостојно да инсталирам RE.SOURCE?

RE.SOURCE може да се набави во малопродажна трговија. Препорачуваме, монтажата да ја изврши специјализирана компанија.

Колку е голема потрошувачката на енергија на RE.SOURCE?

Максималната моќност на единицата за ладење кај RE.SOURCE BASIC изнесува 213 W, а кај RE.SOURCE PREMIUM 225 W. Максималната влезна моќност на верзијата PREMIUM+ изнесува 1.800 W.

За кое количество вода со меурчиња е доволен еден CO2-цилиндар?

Стандардните CO2-цилиндри со полнења од 425 g се доволни за приближно 60 l вода со меурчиња. Според тоа, во секое време имате можност за поврзување на поголеми CO2-шишиња. Притоа, 2 kg се доволни за до 350 l вода со меурчиња, 6 kg за до 850 l и 10 kg за до 1.400 l.

Може ли да поврзам кои било CO2-цилиндри и шишиња?

Може да користите стандардни CO2-цилиндри од 425 g, како и стандардни CO2-шишиња до 10 kg преку надворешен приклучок. Тука мора да се внимава на важечките прописи за безбедност. 

Како ќе препознам дека треба да се замени CO2-цилиндарот?

Кај варијантите RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+, преку менито на екранот може да се провери полнењето на CO2-цилиндарот. Кај RE.SOURCE BASIC, празниот цилиндарот се забележува со намаленото пенење.

Колку е сложено менувањето на CO2-цилиндарот?

Отворете ја единицата под маса, одвртете го празниот цилиндар и завртете нов – готово. Кај варијантите RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+, следете го упатството на екранот.

Колку често треба да го менувам филтерот?

Кај варијантите RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+, екранот ќе Ве информира кога е потребна замена. Кај варијантата BASIC, ќе најдете LED-приказ на единицата за под маса. Капацитетот на нашиот стандарден филтер е доволен за до 5.000 l. Сепак, препорачуваме менување на филтерот еднаш годишно, дури и кога не се достигнати 5.000 l.

Колку е сложено менувањето на филтерот?

Отворете ја единицата под маса, затворете го вентилот, вметнете филтер според упатството за употреба. Кај варијантите RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+, прочитајте го истото на екранот.

Може ли да користам филтри од други производители и за RE.SOURCE?

Не, употребата на други филтри освен оние што ги наведува РЕХАУ не е можна.

Каде можам да купам потрошни материјали, како на пример филтри, CO2-цилиндри и прибор за чистење?

Сите потрошни материјали се достапни преку онлајн-продавницата на РЕХАУ:

rehau.com/webshop

Бидејќи RE.SOURCE функционира со секој стандарден CO2-цилиндар, во секое време може да го замените во многу супермаркети, дрогерии или кај други специјализирани трговци, или, пак, повторно да го наполните.

Водата од водовод во Македонија има извонреден квалитет. Зошто, сепак, има потреба од RE.SOURCE?

Квалитетот на водата од водовод во Македонија, постојано се контролира, сепак само до пренос во Вашиот дом. Можните нечистотии во водоводот и елементите, кои влијаат на вкусот, се филтрираат преку RE.SOURCE. На тој начин, постојано може да бидете сигурни во квалитетот на водата. А секако, притоа не треба да се занемари и удобноста која ја добиваме, благодарение на ладната вода и водата со меурчиња во секое време, која ја добиваме директно од чешма.

Што се случува кога не го користам RE.SOURCE подолго време?

Во принцип, RE.SOURCE не треба да остане некористен подолго време. Доколку сепак се случи да не се користи повеќе од 72 часа, системот мора да се исплакне со најмалку четири литри вода. Во случај да не се користи повеќе од четири недели, системот мора да се исчисти (види ја следната точка),  и да се заменат филтрите. За да не дојде до ова, кај варијантите RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+ може да се активира автоматско плакнење во утврдени интервали.

Колку често мора да се чисти RE.SOURCE?

При употреба во во деловни простории, ординации или производствени локации, стандардот DIN EN 6650 пропишува чистење на секои шест месеци. За приватна употреба, исто така треба да се ориентирате според оваа спецификација. Самата чешма треба да се чисти редовно со мека крпа, како и со соодветно средство за чистење. Ве советуваме да не користите растворувачи или средства за чистење, кои содржат киселини, отстранувачи на бигор, оцет за домаќинства и средства за чистење со оцетна киселина.

Колку е сложено чистењето на системот?

Чистењето може да се извршува лесно и едноставно со кертриџ за чистење и соодветно средство за чистење. За чистење на RE.SOURCE Ви го препорачуваме средството за чистење TM DESANACIDFP во форма на прашок. Екранот на RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+ во текот на чистењето на целосно едноставен начин Ве води низ поединечните чекори на чистење и истите ги извршува автоматски. Кај варијантата  BASIC, процесот на чистење е опишан во придружното упатство за употреба на производот.

Дали може индивидуално да го поставам нивото на меурчиња на RE.SOURCE?

Кај варијантите  RE.SOURCE PREMIUM и PREMIUM+, преку индивидуална функција дополнително се поставува нивото на меурчиња „средно“. Притоа имајте предвид дека температурата и степенот на тврдост на водата имаат значително влијание врз способноста на примањето на CO2 на водата.

Кој минимален простор треба да го имам предвид за поголеми CO2-шишиња?

За поголеми CO2-шишиња, барањата за минимален волумен, согласно регулативите за безбедност, изнесуваат за 2 kg до 15 m2, за 6 kg до 45 m2 и за 10 kg до 75 m2.

Дали употребата на RE.SOURCE во деловен простор подлежи на регулативата за разделни системи?

Не, како во приватниот сектор, така и при употреба во деловни простории и производствени локации, се применува стандардот за прехранбени производи. Поинаку е во случајот на примена во гастрономската индустрија.

Дали имам можност да приклучам систем за отстранување бигор?

Да, пред RE.SOURCE може да се инсталира систем за отстранување бигор. Ова, за возврат, има влијание врз способноста за примање на CO2 на водата, бидејќи, колку е помала цврстината на јаглеродот и pH-вредноста на водата, толку е помала нејзината способност за врзување со CO2.

Колку е голем капацитетот на бојлерот кај RE.SOURCE PREMIUM+?

Максималната излезна количина на топла вода до 95 °C на излезот од RE.SOURCE PREMIUM+ изнесува прибл. 250 ml. Кај поголеми излезни количини, температурата на топлата вода може да се разликува.

Колку чини RE.SOURCE?

Моделите на RE.SOURCE и додатоците може да ги погледнете преглед на пакети. За на добиете понуда на цена ве молиме контактирајте со нас.

Набавив RE.SOURCE преку малопродажна трговија. Кому да се обратам во случај на гаранција?

Во малку веројатен случај на дефекти на производот, се разбира дека имате право на Вашите законски и договорни права наспроти Вашиот договорен партнер.

Може да започнете толку едноставно.

Само четири компоненти обезбедуваат совршен вкус на водата:


RE.SOURCE PREMIUM+ хром

Арматура

Арматура на водата за пиење целосно според Вашите потреби, за едноставно избирање.

412-D023 - 81153

Единица за под маса

Благодарение на компактните димензии, се вклопува во речиси секој кујнски основен орман.

CO2-Zylinder

CO2-Zylinder

Внесува јаглерод диоксид во водата и обезбедува многу меурчиња.

412-D020 - 81150

Филтер за вода

Обезбедува вкусна и здрава вода, а притоа е и економична.


 
BAU-D1609 - 80264




Имате уште отворени прашања? Стапете во контакт со нас и регистрирајте се.

Штом RE.SOURCE повторно биде достапен, веднаш ќе се јавиме кај Вас. Во меѓувреме, со задоволство ќе одговориме на Вашите прашања за нашата нова чешма за вода за пиење. Со наведување на местото на живеење, ќе може да Ви препорачаме инсталатер за монтажа на RE.SOURCE во Ваша близина.

Пополнете ги полињата означени со „*“ и потоа кликнете на „Испрати“.

Благодариме за барањето. Ќе Ве контактираме во најбрз можен рок.

Вашето барање не е испратено. Проверете ги задожителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

Контакт