Eдноставна заштеда на енергија
Не можеме многу да сториме против зголемените цени на енергијата, но можеме да направиме нешто за заштеда на нашата лична потрошувачка на енергија. Поради слабо изолираните прозорци во домот, многу лесно доаѓа до загуба на неискористената скапоцена енергија. А сметката за потрошена енергија, на крајот на месецот мора да се плати.
Со нашите прозорски системи, навистина може да се заштеди на потрошувачката на енергија. Извонредните изолациски вредности на профилите, овозможуваат ниска потрошувачка на енергија – до 76 % помалку енергија отколку кај старите прозорци*. Донесете ја навремено правилната одлука со нови прозорци на РЕХАУ со кои се заштедува енергија. Така ќе ја намалите потрошувачката на енергија и ќе заштедите пари.
* Намалување на загубата на енергија на прозорецот при промена на старите прозорци од дрво/пластика од 1980-тите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци од профилите ГЕНЕО (Uf = 0,89; Ug = 0,5), големина на прозорец 123 x 148 cm
Колку енергија може да заштедите?
Со нашиот калкулатор за заштеда на енергија, брзо можете да добиете увид во заштедата.
Врз основа на што ги препознаваме добро изолираните прозорци?
Штом станува збор за енергетски ефикасни прозорци, на сцена стапува U-вредноста на прозорците. U-вредноста е коефициентот на топлотна спроводливост. Тој служи за оценка на топлинската изолација на еден прозорец и ја одредува количината на топлина која протекува низ една површина од 1 m² за еден час. Колку е пониска оваа вредност, толку е поголема топлинската изолација. Во споредба со конвенционалните прозорци со едноставно застаклување со U-вредности од просечно 5,8 W/m²K, нашите прозорци имаат врвни вредности од 0,85 W/m²K.
Стручната монтажа на прозорците е исто така мошне важна. Само ако прозорците одлично дихтуваат, може да се искористи топлинската изолација на профилите и да се заштеди енергија. А со правилно проветрување пак, се избегнуваат штети настанати од од влага и мувла. Детално консултирајте се за индивидуалните можности за заштеда на енергија:
Авторизирани производители на прозорци во Ваша близина
Прозорците од РЕХАУ можат и повеќе.
Тие не само што овозможуваат извонредна заштеда на енергија, туку и
Какви очекувања имате од прозорците? Во нашата голема палета на производи ќе го најдете вистинскиот систем за Вашиот дом: