Техника

Професионални  и усшешни

Инженерите и техничарите во РЕХАУ ги следат производите од нивнот развој па се до инсталација и нивна употреба. Нашите технички процеси ги доведуваат производите на сериско производство и ги оптимизира процесите на на истото. Во тоа голем удел имаат нашите специјализирани и добро организирани производствени алати. Покрај тоа обезбедуваме и оптимални услови, како на пример во логистиката и испораката just in time (токму навреме).

Со понатамошно обработување на полимерните материјали, можат да се добијат различни карактеристики на производи. Нашите машинско-технички одделенија располагаат со широка палета на модерни постапки на обработка. Високоспецијализирани инженери за развој и техничари се грижат за исполнување на барањето на нарачателот.

При креирањето на сопствени алати, самите креатори и инженери се грижат за постигнување на што е можно повеќе резултати. Тие поседуваат големо искуство и најмодерни машини. Идеалните услови и тимската работа на стручни лица од сите нивоа, придонесуваат за нашиот успех.

PV-D126_149514_0 - 149514

Обработка на полимери

РЕХАУ преработува голем број на различни полимери

  • Во постапка на екструдирање во сите можни технички изводливи пресеци.
  • Во постапка на лиење под притисок, делови на машини со моќност на затворање од 200 kN до 40 000 kN
  • При примена на специјални постапки, техника на внатерешен гасен притисок, двокомпонентно лиење под притисок, вбризгување.
  • Во постапка на екструдирање со компримиран воздух во делови на волумен од 1,5 до 250 литри, пред се за системи за проток на воздух, лакирање на задни спојлери и резервоари за вода во автомобилската индустрија.
  • Во постапка на правење пена, нова форма на создавање меури, која всушност е е најекономичната постапка за производство на изолирани протоци на воздух

Конфекција/Лакирање

Постапките за финална обработка кои се применуваат во РЕХАУ имаат голем обем на активности, меѓу другото:

  • Постапките за финална обработка кои се применуваат во РЕХАУ имаат голем обем на активности, меѓу другото:
  • Лакирање првенствено на надворешните делови во автомобилската индустрија во сите бои за автомобили.
  • Облагородување на надворешната површина преку обложување, каширање и печатење.
  • Конфекција/монтажа преку обработка со и без копчиња, монтирање и склопување.
  • Виткање и поврзување со користење на најмодерна техника на роботи и ласер

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection