410-D062_CL - 86097

Паметно решение за сигурен водовод во домот:

Избегнување на штети од водата со контролерот РЕГАРД (RE.GUARD) од РЕХАУ

17.07.2020

Славина што капе, или пак спојка која не дихтува, или пак пукање на цевка: во сите случаи постои опасност да настане штета од водата во домот. Неконтролираното истекување на вода во објекот предизвукува материјална штета, која потоа предизвикува значителни трошоци за санирање. Паметниот контролер РЕ.ГАРД (RE.GUARD) од РЕХАУ го намалува ризикот од штета и воедно е многу лесен за ракување.

Поплавени подрумски простории, флеки од влага на ѕидовите, или пак поплавена бања: на секои 30 секунди во домовите настануваат штети предизвикани од вода. Доколку истите се доцна бидат забележани, може да се оштетат поголеми делови од објекот. Посебно опасни се деловите од водовод кои посотојано и тивко искапуваат.. За да се избегнат скапите штети од несакана вода, паметниот контролер РЕ.ГАРД (RE.GUARD) од РЕХАУ, го држи под  контрола целиот водовод во објектот, и тоа со прецизна ултра-звучна технологија на  мерење и самостојно реагира доколку забележи неправилности. Остеливите места во близина на домашните уреди, посебно се контролираат од страна на сензорите на РЕ.ГАРД (RE.GUARD). Паметниот систем, кој воедно има добиено награда за дизајн, на пазарот во Македонија е достапен од фебруар 2020.

Доследна превенција од штети

Интелигентниот систем РЕ.ГАРД (RE.GUARD), постојано ги споредува измерените резултати со претходно дефинираните гранични вредности и сигурно препознава доколку има пукнато цевка или капање од системот. Параметрите се поставуваат едноставно преку РЕ.ГАРД (RE.GUARD) апликацијата и по потреба може да се менуваат. Доколку РЕ.ГАРД (RE.GUARD)  забележи неправилност, системот веднаш го исклучува целиот водовод во објекот, со цел да се избегне несакана штета. Така, РЕ.ГАРД (RE.GUARD) успешно може да спречи штета од вода, и при подолго отсуство од дома, кога сме на одмор на пример.

Сензорите РЕ.ГАРД (RE.GUARD) ги контролираат осетливите места во објектот,на пример во близина на машини за перење алишта и машини за садови. Во случај на направилност, системот автоматски го исклучува доводот на вода во машините.

Се на едно место со апликацијата РЕ.ГАРД (RE.GUARD)

Преку централаната единица – порталот РЕ.ХУБ (RE.HUB), апликацијата известува за настанати неправилности во реално време. Апликацијата во секое време нуди можност, да се провери водоводот во објектот, и повторно да се пушти во функција. Со РЕ.ГАРД (RE.GUARD) апликацијата, може да се контролира и потрошувачката на вода. На тој начин, долгорочно се овозможува идентификација на потенцијалот за заштеда на потрошена вода.  

Сигурно поврзување преку Z-Wave

Интернационално сертифицираниот безжичен стандард, (Z-Wave), преку кој се меѓусебно поврзани РЕ.ГРАД (RE.GUARD) компонентите, обезбедува дополнителна заштита. (Z-Wave)-уредите, комуницираат само меѓу себе и со РЕ.ХУБ (RE.HUB) порталот.  Така, уредите се заштитени од директен надворешен напад а воедно работата на РЕ.ГАРД (RE.GUARD) е овозможена и без интернет врска или облак. Сигналите се помалку попречени отколку со безжична интернет врска и подобро се пробиваат пркеу масивни подрумски ѕидови и плафони. Поради кусото време на праќање на сигалите, помала е и потрошувачката на енергија како зрачењето, во однос на безжичната интернет врска.

Повеќе информации за паметниот контролер на вода РЕ.ГАРД (RE.GUARD) ќе најдете на РЕ.ГАРД (RE.GARD)

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди Евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија. РЕХАУ брои повеќе од  20.000 вработени кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет. Во Европа РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 16 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Веќе 70 години РЕХАУ создава се полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.

Engineering progress

Enhancing lives