NEWSMK0001 - 119020

РЕХАУ ги охрабрува ракометните и спортските вредности во Македонија, преку деловен модел

22.10.2020

За време на своето дведецениско присуство во Македонија, РЕХАУ успева да создаде сигурна свесност за бредот и одлично да ги постави своите производи на пазарот, истовремено работејќи со сигурни и одржливи компании.

Една од најголемите градежни компании и силен партнер на РЕХАУ, компанијата  Голден Арт, во соработка со нашата спортска легенда, Кирил Лазаров го формираше ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 и на тој начин започна директна подршка на еден успешен спортски проект, школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, која има свои секции во дванаесет градови низ државата и во која под мотото „Ракомет за секое дете“ едуцира и тренира над 1000 момчиња и девојчиња на возраст од 6-16 години од 2016 година. Така, дополнително се поттикнува љубовта на младите кон ракометот и спортот воопшто и се анимираат голем бој на млади личности во нашата земја, да го практикуваат истиот.

NEWSMK0003 - 119022

Благодарение на успешната соработка со Голден Арт, РЕХАУ стана силен и влијателен поддржувач на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 и воопшто ракометот во Македонија, активно учествувајќи во градење на вистинските вредности кај младите во нашата држава и превземајќи долгорочна општествена одговорност.

Како резултат на сериозната работа, професионалност и посветеност, клубот покажува одлични резултати, како во младинските категории, каде минатата година беше неприкосновен, така и во сениорската конкуренција со пласманот во супер лигата од оваа сезона.

„Горди сме на нашата соработка со Голден Арт, резултатите и иницијативите што ги остваруваме заедно и фактот дека ги поддржуваме младите, како и сите оние кои се упорни, вредни и дисциплинирани во нивниот развој. Спортот е вткаен во секоја пора на нашето општество. Тоа е моќно оружје за градење вистински, здрави вредности, спортски принципи и филозофии кај младите, како што се фер игра, морален карактер и взаемно почитување, без оглед на расата, религијата, полот и нацијата.

Ние ќе продолжиме да ја пренесуваме пораката за значењето на спортот во одржување на здравиот дух и формирањето на здрави навики кај младите, со поддржување на истиот, со крајна цел, преку правилен развој на нашите деца, Македонија да стане подобро место за живеење со поздрави и посилни луѓе“, рече Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

“Соработката со РЕХАУ се одвива на највисоко можно ниво. Во становите кои ги гради Голден Арт, прозорците се изработени од висококвалитетниот прозорски профил ГЕНЕО од РЕХАУ, а воедно се вградени и системи за поврзување на грејни тела и водовод со РАУТИТАН од РЕХАУ. За потенцијалните купувачи и сите заинтересирани граѓани, во просториите на Голден Арт, редовно се одржуваат работилници, на кои се изведуваат презентации за вградените производи, од страна на стручни лица од РЕХАУ, со цел да се одговори на сите можни прашања. Токму затоа, уште поголемо задоволство ми претставува, што нашата соработка ја негуваме и растеме понатаму во насока на општо добро, со подршка на спортската икона Кире Лазаров и проектот кој со него го водиме последниве години – ракометниот клуб Голден Арт КЛ7.

Најдобрите треба да се тука за пример, да покажат што е професионалност и визија. Да работат за заеднички раст и развој, а не за поеднични цели и придобивки. Се надевам дека и во годините кои доаѓаат оваа соработка ќе ја зајакнеме уште повеќе и дека и понатаму ќе сме пример за тоа, како треба да работат општествено одговорни компании кои се лидери во својата дејност”, изјави Ивица Јакимовски, генералниот директор на градежната компанија Голден Арт.

NEWSMK0002 - 119021

Останете здрави и искористете ја секоја шанса да имате позитивен удел во нашето општество.

Спортски поздрав,

Оддел за решенија за прозори РЕХАУ Македонија

Engineering progress

Enhancing lives